Европската Унија се огласи по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопштувајќи дека внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела и повикувајќи ги сите страни на воздржаност.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека разговарала со американскиот државен секретар Марко Рубио, како и со амбасадорот на Европската Унија во Каракас.
„Европската Унија внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела“, порача Калас во својата изјава.
Таа потсети дека ЕУ повеќепати јасно истакнала оти Николас Мадуро нема демократски легитимитет, нагласувајќи дека Брисел доследно се залага за мирна и демократска политичка транзиција во земјата.
„Во сите околности мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации. Повикот е јасен – воздржаност од сите страни“, изјави Калас.
Реакцијата на ЕУ доаѓа во момент на сериозна ескалација во Венецуела, по тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД спровеле голема воена операција и го отстраниле Мадуро од власт, што предизвика остри реакции од венецуелските власти и неизвесност околу идниот политички развој во земјата.







































































































