ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Народните херои ги убил фашист, а не цели народи, со Бугарија ја биев европската битка заради европска иднина- вели Заев…

December 30, 2020 18:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев:

Колку се чуваат корупциски или било какви предмети во фиоки, ќе видиме со прочистувањето. Судскиот совет и Советот на обвинители, на транспарентен и ефикасен начин очекувам да ги завршат сите овие проверки и прочистување во правосудството за да може да се среди правосудниот систем во државата, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање од пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ околу договорот со фирмата „Леонардо“.

Народните херои ги убил фашист, а не цели народи. Очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и македонскиот јазик, а опозицијата да не печали лични поени на штета на европската иднина, рече премиерот, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања.

Со Бугарија ја биев европската битка заради европска иднина на нашиот народ. . Ако зборуваме со зборови на внимателност и пријателство можеме да им обезбедиме иднина на граѓаните. Денеска сме членка на НАТО како Македонци што зборуваат македонски јазик. Ќе бидеме и членка на ЕУ како Македонци што зборуваат македонски јазик, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Со учеството во гасниот терминал „Александрополис“ директно инвестираме во Грција. Доживеавме нашата земја да инвестира во Грција, во гасниот терминал во „Александрополис“. Инвестиција која ќе биде околу 6,5 – 7,5 милиони евра и ќе имаме 10 отсто учество, најави Заев. Тој појасни дека Грција веќе има 25 отсто учество, учествува и Бугарија, а една американска и една грчка компанија се останатоте партнери.

Филипче: Можен е мини пик ако не се почитуваат препораките. Болниците се полупразни. Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Нема да го смениме системот на реорганизација на јавно здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин“, кажа министерот по предавањето на донацијата од Германската амбасада во Поликлината во Шуто Оризари.

Филиповска-Грашкоска: Намален бројот на издадени решенија за изолација, за 50 % зголемен бројот на привремено санкционирани објекти.

Царовска: Реформите се итно потребни, концепцијата е современ систем на образование. Поразителни се фактите според кои сме на дното на листите на меѓунарпдни анализи, рече Царовска, како пример посочувајќи дека само 40 отсто од нашите второодделенци читаат со разбирање или решаваат математички задачи со текстуален дел. Таа најави дека во 2021 ќе има пилот-национално тестирање за да добиеме и своја анализа.

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ГА-МА. По консултации со експерти од областа на енергетиката и правото, претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.

Историски момент за женските права: Аргентина го легализираше абортусот. Аргентинскиот Сенат денеска го легализираше абортусот до 14-та недела од бременоста, важен чекор за регионот што има едни од најрестриктивните закони за прекинување на бремоста во светот и што се смета за голема победа на поборниците за правата на абортусот во земјата со мнозинство католици.

Вистиномер: Лага е дека спикерот Џафери бил пијан на седница. Вистиномер се обрати и до кабинетот на спикерот Талат Џафери, со цел да добиеме одговор на прашањето, дали е точно дека претседателот на Законодавниот дом дошол пијан на седницата. Оттаму децидно ги демантираат ваквите наводи

СЗО: На Ковакс механизмот му треба итно финансирање од четири милијарди долари. Светската здравствена организација придава големо значење на механизмот Ковакс, во кој учествуваат 190 земји и економии. На 18 декември беше соопштено дека производителите задржале околу две милијарди дози вакцини.

И.Т.З.
Next Post

Северна Македонија доби потврда од Фајзер, првите дози од вакцината во февруари

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk