Османи до Ландсбергис: Очекуваме почеток на преговорите со ЕУ и признание за дoсегашните напори.Очекуваме непречено спроведување на мартовската одлука за почеток на пристапните преговори и пробивот во таа насока ќе претставува признание за досегашниот ангажман на нашата земја во европските интегративни процеси, истакна Османи.
Ќучук: Ѕидовите немаат место меѓу земји – соседи, историските спорови не треба да ги запрат реформите во Северна Македонија. Заедничката историска комисија, чија цел е да реши многу прашања што се релевантни, мора да ја продолжи својата работа. Но, политичарите не смеат да го избегнуваат ова прашање, оставајќи го во рацете на историчарите, без оглед колку се компетентни, изјави Ќучук.
Д-р Петличковски: Имаме солидно ниво на колективен имунитет кој достигнува 40 %, само ни фали имунизација и да ја затвориме оваа приказна. Ќе има уште понови соеви, но тоа драстично не влијае на пандемијата која има нормален тек, ништо не се случува спектакулрно со откривањето на нови случаеви, вели директорот на Институтот за имунологија.
Брисел уште нема рок за достава на вакцини за западен Балкан. Портпаролските служби во Европската Комисија стојат на изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен, дадена за МИА пред две недели, дека „што поскоро“ треба да се остварат ветувањата за помош со вакцини за Северна Македонија и регионот.
Зголемен е бројот на нови случаи од Ковид-19, најзастапена е возрасната група над 60 години. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9 отсто во однос на минатата недела.
Заев: И покрај пандемијата, во 2020 имавме најголем поврат на ДДВ кон стопанството. Заев наведува дека во стопанството по основ на поврат на ДДВ кон фирмите се слеани 397,4 милиони евра. Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон претпријатијата, според Заев е од големо значење за ликвидноста во стопанството.
Јовески за ДВ: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес. Без разлика на предлогот на јавниот обвинител по жалбата, очигледно е дека во конкретниот случај и Врховниот суд утврдил дека основано е да се уважат жалбите и предметот да се врати на повторена постапка.
Јовески: Потребни се измени во Кривичниот законик за да нема „јавни соби“. Зошто случајот што беше покренат пред една година сè уште е во предистрага, Јовески во интервју за Дојче веле, вели дека во него се засегнати многу оштетени лица и има голем број потенцијални сторители. Дополнително процесот се усложнува бидејќи се постапува правни и физички лица во странство.
Костадинов: Изворот на криминал и корупција е „Белата палата“, ова се неуспешни обиди за интерпелација. Во однос на бојкотот на средношколците, кои бараат полагање на два предмети, наместо четири на предвидената Државна матура, како и поддршката од опозицијата, Костадинов вели: Правото на протест е уставно загарантирано. Јас го разбирам револтот, но мораме да ја сфатиме важноста од полагањето од Државна матура, за понатамошниот тек на образувањето.
Бислимоски: Нема да има промена на цената на струјата. Во моментов се врши дефинирање на категориите на кои ќе им бидат намалени сметките за електрична енергија. Една од таргетираните категории се семејства каде има еден пензионер со минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход, појасни Бислимоски.







