ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Мијалков, драмолетка во два чина, посветени сме на покачување на плати – вели Заев, Османи кај Захариева…

February 24, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид 19: Нови 725 случаи, оздравени се 215, починати се 13 пациенти. Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Филипче: Британскиот сој се шири, не е исклученa можноста за некаква форма на дополнителни мерки. Во делот на соевите, односно мутациите на коронавирусот, Филипче рече дека во овој момент се прави анализа на една серија во Лабораторијата во МАНУ, од која резултатите се очекуваат следната недела, која треба да даде одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена.

Пристигна втората пратка вакцини од Србија. Денеска донесовме 3.510  дози на вакцини за граѓаните на Северна Македонија што заедно со првата пратка изнесува вкупно 8.190 дози, рече српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, при примопредавањето.

Министерот Османи пристигна во Софија. Владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција, исто така, информира дека се очекува централна точка на разговорите меѓу Османи и Захариева да биде Акцискиот план и дека повеќе информации за договреното ќе има по враќањето на министерот од Софија.

(ВИДЕО) Битиќи пред Влада со угостителите: Економски мерки има, против здравствените препораки не смее да се оди. Вие бидејќи сте затворени секако ќе добиете максимална поддршка, а тоа е минимална плата за сите вработени. Тој момент не треба да се заборави. Против здравствените препораки на комисијата не се оди и не смее да се оди Здравјето пред се. Економски мерки има“, појасни вицепремерот Битиќи.

Работна средба на Гошаревски и Паскалидис за отворање на граничниот премин Маркова Нога. Техничките лица од двете држави одблиску, од терен, ги запознаа градоначалниците и со другите активности околу отворањето на овој граничен премин, што е од големо значење за регионот.
Заев: Посветени сме на покачување на платите. Продолжува растот на платите од месец во месец. Просечната исплатена нето плата во декември 2020 изнесувала 28.294 денари, што е зголемување за 5,4 проценти во однос на истиот месец во 2019, поточно за 1.458 денари, објави на неговиот ФБ статус премиерот Зоран Заев.

Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ, рече Костадинов. Преку силен одговор на државата, бегалецот Сашо Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се педаде. Обезбеден е неговиот притвор.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, позитивен на Ковид-19. Носете заштитни маски, одржувајте физичка дистанца, вршете честа дезинфекција на рацете и работните површини. Само на тој начин, со заеднички напори ќе го победиме ова зло и ќе излеземе посилни.“, се наведува во Фејсбук објавата на градоначалникот Јованоски.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, позитивен на коронавирус. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите, напиша градоначалникот.

Мијалков, драмолетка во два чина….пишува Јане Ѓорѓиоски…
И. Т. З. 
Next Post

Османи на министерски состанок на Алијансата за мултилатерализaм

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ