ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Забрчанец: Груевски етикетираше медиуми кога го критикуваа, за нас критиката е одраз на слободата и независноста на медиумите

May 3, 2021 16:04
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Груевски може да биде само негативен пример кога станува збор за јавните комуникации и за јавниот интерес. Сигурен сум дека не може да е добро да “допираме” до медиумите на начините на кои тоа го правеше претходната власт.За време на десетгодишното владеење на Груевски, неколку медиуми беа затворени под директен диктат и притисок на власта – најгледаната телевизија А1, телевизијата А2, весниците Време, Шпиц и Коха е Ре, а сопственикот на овие медиуми и неколку луѓе од неговото семејство и раководители во фирмите завршија во затвор со неколкугодишни затворски казни. Беа затворани и новинари од други медиуми. Во извештаите на Стејт департментот за состојбата со човековите права се потенцираше дека во Северна Македонија има политички затвореници.“- вели Националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец во интервју за Слободен печат.

Денес е обратно, а дека има целосен пресврт во оваа насока, покажуваат и глобалните индекси на угледни организации како „Фридом хаус“ и „Репортери без граници“, на чиј индекс на пример земјата има напредок од 28 позиции – од 118то во 2016 година на 90то место во 2021.

„За време на владеењето на Груевски, беше речиси невозможно за новинарите од критичките медиуми да ги добијат на телефон портпаролите на владата и министерствата, или пак да добијат информации од јавен карактер после уредно испратено барање. Тие беа целосно игнорирани. Тоа сега не е случај. Сите портпароли и лица за односи со јавност се во редовна и постојана комуникација со новинарите, а институциите редовно одговараат и во определениот законски рок (кој е, патем, скусен од 30 на 20 дена) даваат информации од јавен карактер на барање на медиумите, граѓанските организации, па и индивидуалци доколку тоа го побараат. За време на владеењето на Груевски владееше праксата “не се дозволени прашања надвор од темата на прес конференцијата”. Тогаш немаше прес конференции на портпаролите на Владата. И таа пракса е променета, портпаролите на Владата сега одржуваат секоја недела редовни прес конференции за да информираат за одлуките од седниците на Владата, тековните активности но и да одговараат на прашања на новинарите за различни теми.“- дополнува Забрчанец.

Тогаш, медиумите што ја критикуваа власта беа јавно етикетирани и омаловажувани од највисоки владини претставници, почнувајќи од самиот тогашен премиер и најистакнатите министри, па се до обичните партиски членови. Кон тие медиуми и нивните новинари се водеа жестоки јавни хајки, се прогласуваа за „платеници“ и „предавници“. Таа пракса е целосно искоренета.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk