Ова веќе не е смешно… Ова станува страшно!
На протестите против БУГАРИЗАЦИЈА излегол и Мартин Треневски, човекот на којшто највисок идеолошки дострел му била организацијата на Изложбата за формирањето и дејноста на МПО во Крушево… Тридневен симпозиум на којшто Мартин Треневски објаснувал дека весникот на МПО „Македонска трибуна” се печати на БУГАРСКИ ЈАЗИК затоа што „токму тој јазик е ВИСТИНСКИОТ македонски јазик“…
За Мартин Треневски своевремено реагираше и Стејт Департментот, за неговата кандидатура за Амбасадор на НАТО:
„Стејт Департментот во Вашингтон со изненадување ја прочита платформата на Мартин Треневски што тој ја презентираше пред собраниската Комисија за надворешна политика, која е во спротивност со реафирмираната стратегиска цел на Македонија“.
Вакви луѓе ли ќе ја спасуваат Македонија од бугаризација???
Па уште порачувал да не се седи дома пред телевизор и го повикувал народот на улица!?
Го најдов и ова:
„На само десет дена пред официјалното преземање на амбасадорската функција во НАТО, Мартин Треневски во интервју за агенцијата Макфакс изјавил дека не отстапува ниту за чекор од своите цврсти анти-НАТО ставови.“
Е вакви беа кадровските решенија на Груевски… А јавноста тогаш молчеше!
Ацо Лукаровски на Фејсбук