Заедно со граѓаните тогаш кога беше најтешко, кога беше најпотребно. Со денови и ноќи сите заедно здружени помагавме на моите сограѓани. Овој ден 6-ти август буди лоши сеќавања кај секој жител на Стајковци, Синѓелиќ, Смилковци, Црешево, Виниче, Страчинци, Брњарци и Арачиново, кои беа погодени од страшната поплава која зад себе остави пустош и однесе 24 човечки животи, напиша претходниот градоначалник на Гази Баба на Фејзбук, Борис (Борче) Георгиевски.
„Ова е денот кој секој од нас кој што ја искуси таа горчина, вечно ќе се сеќава на страшната слика од природната непогода. Но и на хуманоста и солидарноста на граѓаните волонтери кои со денови беа во погодените населени места и помагаа во расчистувањето на штетите.
Благодарност и до институциите, општините, компаниите и сите држави и НАТО Алијансата кои со свои донации и помош беа со нас во тие мигови.
Да не се заборави и никогаш да не се повтори“, напиша Георгиевски.





