ЗОРАН БОЈАРОВСКИ
Се сеќавате на она видео од руската пропагандна кујна некаде на крајот на септември или почетокот на октомври минатата година?
Ако не, повелете видете го или потсетете се уште еднаш:
Гледаме како некое типче со „Газпром“ брендирана јакна го затвора вентилот и го запира гасот кон Европа и останатите западни земји и кај нив настапува долга и студена зима.
Ова е само едно повеќето видеа со сличен стил што ги избравме за оваа анализа со заедничка тема за енергетската криза со којашто ќе се соочат Европјани произведени во висококвалитетна, професионална продукција. Сите видеа имаат англиски преводи, што укажува дека се насочени кон странска публика.
Ако не успее од прва, тогаш обидете се повторно, и повторно и повторно…
Но, видеото што се појави неколку дена пред католички Божик како да го изрази незадоволството на руските пропагандисти од претходно објавените спотови. Веројатно затоа за време на празничните денови ја објавија следната пропагандистичка видео сторија што ви ја презентираме со бизарен наслов „Европа ќе ги изеде своите миленичиња за да го преживее Божик“, инспирирани од прогагандистичката лекција со наслов „Ако не успее од прва, тогаш обидете се повторно, и повторно и повторно…“
Премногу е „гадно“ видеото за да ви го прераскажуваме, но еве го линкот за оние со поздрав желудник:
Голем број пропагандисти на Кремљ помогнаа да се рашири видеото и тоа многу бргу, особено на социјалната мрежа Телеграм, и вкупно со прегледите на другите социјални мрежи зе неколку дена имаше повеќе од еден милион кликови.
Секое објавено видео е сè повеќе откачено и ептен далеку од реалноста. Иако ЕУ минатата година навистина имаше грижи како да обезбеди енергија, особено гас, земјите членки на унијата, па и останатите, ги наполнија складиштата за гас до 80% од капацитетот до почетокот на ноември, како што беше планирано, а до крајот на 2022 година, залихите достигнаа повеќе од 95%. Дополнително, цените на бензините во Европа паднаа на нивоата пред инвазијата на Украина, а цената на гасот дури стана и пониска од онаа во јануари претходната година.
Којзнае… Можеби ова видео навистина ќе ве убеди да заминете да живеете во Русикја
Едно претходно пропагандистичко видео, кое веројатно го видовте кога руската амабасада во Мадрид го лансираше, доби посебно почесно место во најголемите утки на руската пропаганда.
Видеото е наменето за странци и започнува со кадифест баритон кој на англиски јазик со руски акцент ги повикува странците да се преселат во Русија. Да, да, да се преселат во Русија зашто таму ги очекуваат руските „убави жени, евтин гас и традиционални вредности“.
Ама видеото има неколку сериозни утки. Прво, една од „убавите жени“ прикажана во клипот е украинска манекенка Соња Капитонова, којашто војната ја затекна во Франција и којашто како реакција на видеото изјави дека нејзиниот татко е накаде на фронтот и се бори против руската инвазија.
Но, тоа како да не било доволно, па утките и иронијата продолжуваат, односно започнува со кадар со комунистичкиот грб на Украина со украинско писмо, преку кој кадифестиот баритон вели „Ова е Русија“.
Еве, видете и сами: