ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Крај на љубовта: ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците се разијдуваат

Главната опозициска партија сака да го поткопа можното влегување на Алијансата за Албанците во Владата. На Николоски му било жал за Таравари

January 29, 2023 21:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Кокетирањето, а и јавната и прикриена меѓусебна поддршка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алјансата за Албанците изгледа веќе е завршена. ВМРО-ДПМНЕ продолжува речиси секојдневно да ја напаѓа Алијансата откако партијата на Арбен Таравари објави дека многу сериозно размислуваат за влез во Владата, па дури направи и тим за преговори. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната прес-конференција рече дека не го познавал овој Арбен Таравари, туку дека знаел некој друг. Тој нафрли дека градоначалникот на Гостивар можеби бил уценет, без да спомене ништо специфично. Па уште и дека тезата на АА за влегување во Владата за да се обезбедат 80 пратеници за уставно мнозинство била смешна, а Таравари ги менувал изјавите секој ден.

„Јас овој Арбен Таравари не го препознавам, познавам еден друг Арбен Таавари и навистина ми е жал што го гледам во вакво издание. Прво, не можеме да извлечеме заклучок од изјавите. Не само што ги менува секој ден, туку и во едно исто интервју или изјава она што ќе го каже во првата минута, самиот го демантира во втората или третата. Една од најсмешните тези е дека влегувал во владата за обезбедување на уставно мнозинство од 80 пратеници, иако сите се свесни дека такво уставно мнозинство нема“, рече Николоски.

Според него, плановите на АА за влез во Владата биле од чиста математика, но не кажа што точно содржи таа математика.

„Мислам дека сака да влезе во владата заради математика. Дали математиката е бурек или нешто друго, треба самиот да одговори и да каже, но јасно е дека сакаат да влезат во владата заради математика. На крај, тоа е нивна одлука или негова одлука. Можеби е уценет, има и такви работи кои што се слушаат во политичката чаршија, но јас не би сакал да шпекулирам повеќе од ова“, рече вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Тој уште ја кажа постојаната партиска порака – дека излезот од ситуацијата во Македонија се предвремени избори.

Од Алијансата му одговорија на Николоски дека треба да се отресни, дека кога анкетата на ИРИ покажа дека нивен лидер е Никола Груевски, партијата мора да се реформира бидејќи е фактор за нестабилност во Македонија.

Нејасно е дали Алијансата за Албанците ќе влезе во Владата, затоа што за таков потег ќе треба многу меѓусебно калибрирање и попуштање на некои позиции на сегашните коалициски партнери.

„Ги повикуваме Николоски и другите како него да се отрезнат и да размислат, бидејќи лидер на македонската опозиција, според анкетата на ИРИ, е Никола Груевски. Тоа се должи на нереформираната партија во нејзината идеологија и кадровско управување и ова е срам за македонската политичка сцена. Вие сте виновници за изолацијата на земјата овие 10 години, правејќи ја неиздржлива за живеење и за над 700.000 иселени луѓе. За среќа, вашата реторика замина во азил и со овој пристап останувате фактор на нестабилност за Македонија“, велат од Алијанса за Албанците.

Соработката на АА со ВМРО-ДПМНЕ ѝ донесе сериозни загуби на партијата на локалните избори. Особено со многу лошиот резултат во Тетово.

Со оваа разделба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АА останува само Беса да стои заедно со македонската опозиција. Беса на последните избори настапи во коалицијата „Можеме“ на СДСМ, но само по два месеци нејзините тогашни четворица пратеници се одвоија од пратеничката група и решија да бидат независни. Потоа Билал Касами стана градаоначалник на Тетово, па Кастриот Реџепи не го поддржа планот за формирање ново мнозинство во ноември 2021 и настапуваше како независен, а потоа се приклучи кон пратеничката група на ДУИ. Сега Беса има само двајца пратеници. (Н.В.)

Извор: Независен

Tags: ААВМРО-ДПМНЕкоалициски партнериНиколоскиТаравари
Next Post
Бранко Тричковски

Фрагменти

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk