ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Протест во Тирана, албанската опозиција бара оставка од Еди Рама

February 11, 2023 14:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на албанската опозициска Демократска партија Сали Бериша на денешниот протест во Тирана побара оставка од премиерот Еди Рама.

Пред зградата на Владата се одржува протест на здружената опозиција на кој присуствуваат илјадници граѓани, јавуваат албанските медиуми.

Над 1.000 полицајци се ангажирани за обезбедување на протестот, а вратата на влезот од Владата била блиндирана со дополнителен метален дел, пишува Албанијан пост.

Бериша во својот говор ја опиша аферата на Рама, во врска со агентот на ФБИ, како најсериозен скандал што го „извалкал имиџот на земјата во светот“.

Нарко-премиер без религија, без држава, без знаме го корумпира шефот на контраразузнавачката служба на сојузничката држава САД, истакна Бериша и порача дека Рама треба да поднесе оставка по „овој чин на нелојалност кон големиот сојузник на албанскиот народ“.

Претседателот на Партијата на слободата и поранешен претседател на Албанија, Илир Мета оцени дека Еди Рама за 10 години „ја искористил својата моќ за да ја приграби државата и за своите мафијашки интереси“.

Поранешниот претседател на Република Албанија истакна дека „корупциската афера Мекгонигал-Рама го шокираше целиот свет од двете страни на Атлантикот“.

Поранешниот агент на Федералното истражно биро (ФБИ) Чарлс Мекгонигал беше обвинет за сомнителни зделки со руски олигарси, но во обвинението се наведува дека тој имал сомнителни бизнис врски со политичари од Албанија и Босна и Херцеговина.

Тој, меѓу другото, е обвинет дека не му ја открил на ФБИ неговата врска со поранешен офицер на албанската разузнавачка агенција, опишан во обвинението како „лице А“ од август 2017 година.

Исто така, според обвинението, тој не откри дека „имал контакти“ со албанскиот премиер Еди Рама, кој изјави дека наводите против Мекгонигал немаат никаква врска со него.

Tags: АлбанијаафераопозицијаоставкапротестРамаФБИ
Next Post

Вјоса Османи: Припадници на Вагнер и помагаат на Србија да подготви потенцијален напад на Косово

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk