ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вјоса Османи: Припадници на Вагнер и помагаат на Србија да подготви потенцијален напад на Косово

February 11, 2023 15:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Платеници од руската паравоена група Вагнер, заедно со српски паравоени формации, шверцуваат оружје и неозначени воени униформи во Косово, изјави косовската претседателка Вјоса Османи за британски Телеграф.

Тајната операција е дизајнирана, тврди Османи во интервју за британскиот весник, за да се постават темелите за потенцијален хибриден напад од Србија на територијата на Косово.

Овие наводни подготовки на Србија се одвивале паралелно уште од руската анексија на Крим во 2014 година, кога руски војници во униформи без никакви ознаки, наречени „мали зелени човечиња“, го подготвија патот за отцепување на полуостровот од Москва.

Тие носат оружје и униформи, но формално не се дел од српската војска. Србија сака да ги постигне своите цели без да ја нарече воена операција, истакна Османи.

Целта на Србија е „да ја подготви ситуацијата за можна анексија – не преку традиционална воена операција, туку преку хибриден тип на напад“, тврди косовската претседателка.

Ако погледнете што направи Путин во 2014 година, тоа е од истата книга. Прво ги инструментализираше Русите кои живееја таму, потоа правеше секакви лажни операции и потоа ги испрати овие паравоени групи. Има јасни докази дека српските паравоени групи го планирале и организирале ова (со Вагнер). Колку од нив имало на граница или на територијата на Косово е прашање што се уште се истражува, вели таа.

Нивните намери беа очигледно агресивни, тврди Османи. Тие градат ровови и барикади во воен стил. Од оној тип што би можеле да го користат за да се борат, посочува за „Телеграф“ шефицата на косовската држава.

Србија досега неколкупати негираше дека платеници од Вагнер групата имале некаква улога во конфликтот со Косово.

Коментирајќи ги тврдењата дека српскиот претседател Александар Вучиќ не би се осмелил да изведе напад каде што е распореден КФОР, Османи вели дека не е толку убедена.

Два или три дена пред инвазијата на Украина, слушнав толку многу светски лидери како велат: „Путин не е толку глупав, нема да го направи тоа“. Така слушаме сега за Вучиќ – „не е толку глупав, нема да го направи тоа“.

Фактот дека Кфор е во Косово „не значи дека Вучиќ никогаш не би се обидел. Не велам дека ќе го направат тоа, но секогаш треба да бидеме подготвени да спречиме такво сценарио, рече таа.

Интересот на Русија е да го искористи Западен Балкан, преку Србија како тројански коњ, за да ги нападне системите засновани на вредности како НАТО и ЕУ, вели Османи.

Колку повеќе безбедносни тензии создаваат, толку се помали нашите шанси да влеземе во ЕУ. Некогаш тоа го прават во Црна Гора, некогаш во Босна и Херцеговина, некогаш во Косово, а проблеми создаваа и во Северна Македонија, истакнува Вјоса Османи.

Таа ја обвини Србија дека Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина ги гледа како „привремени земји“ кои Белград сака повторно да ги апсорбира.

Tags: ВагнерВјоса ОсманиинтервјуКосовонападиРусијаСрбијаТелеграф
Next Post

Доказ број 1: Рекетарите бранат, но и создаваат рекетари!

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk