ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАТО го зголемува военото производство; Столтенберг најави соработка меѓу сојузниците и за безбедносни прашања поврзани со вселената

February 13, 2023 20:14
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter
  • НАТО ги зголемува инвестициите во производството на муницијата.
  • Балоните се дел од засилените разузнавачки операции на Кина и Русија.
  • НАТО работи на подобрување на соработката меѓу сојузниците и за безбедносни прашања поврзани со вселената.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одговори на голем број прашања на речиси едночасовната прес конференција во Брисел со која го најави утрешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Меѓу другите, новинарот на АФП го постави прашањето за капацитетот на НАТО да ја снабдува Украина со муницијата која е толку потребна во пресрет на руската офанзива.

Ова прашање (за муницијата) почнавме да го разгледуваме минатата година, затоа што видовме дека единствениот начин да се испорача големиот износ на поддршка за Украина е преку копање во нашите постоечки залихи. Но, секако, долгорочно, не можеме да продолжиме да го правиме тоа, туку мора да произведеме повеќе, за да можеме да испорачаме доволно муниција за Украина, но истовремено, да обезбедиме доволно муниција за да ги заштитиме и одбраниме сојузниците на НАТО, секоја педа од сојузничката територија, рече Столтенберг.

Како и во своето излагање на почетокот на прес конференцијата, Генералниот секретар на НАТО најави и зголемување на индустриското производство на муниција во земјите членки на Алијансата, што ќе значи и поголеми трошоци за одбраната.

Неколку сојузници веќе имаат одлучено и договорено долгорочни договори со индустријата, за да можат да ги зголемат инвестициите за производство за зголемување на инвестициите. Така што сум убеден дека сека сме на вистинскиот пат, што ќе ни овозможи и да продолжиме да ја поддржуваме Украина, како и да ги обновиме нашите залихи. А тоа само ја покажува важноста за зголемени трошоци за одбрана. Поради сето ова, се разбира, потребни се поголеми трошоци за одбрана од страна на НАТО сојузниците, изјави Столтенберг.

Во врска со балоните што беа забележани и соборени во Северна Америка, беше поставено прашањето дали НАТО го засилува своето надгледување и на Европа.

Мислам дека тоа што го видовме на САД – јас бев во САД минатата недела – е дел од една шема, каде Кина, но и Русија, ги зголемуваат своите разузнавачки активности против НАТО сојузниците со многу различни платформи. Тоа го гледаме со сајбер просторот. Го гледаме со сателитите, сé повеќе сателити, а го гледаме и со балоните, изјави Столтенберг.

Затоа, според генсекот на НАТО, потребна е поголема будност и присуство во одбраната на воздушниот простор, но и споделување на разузнавачки податоци меѓу сојузниците.

Тоа ја истакнува важноста на нашата будност, нашето зголемено присуство, како и дека треба да се засилиме во однос на тоа како споделуваме разузнавачки податоци и како го набљудуваме и штитиме нашиот воздушен простор. А всушност, едно од прашањата што ќе го разгледуваме на министерскиот состанок утре е зголемената соработка помеѓу сојузниците во вселената, рече Столтенберг.

Тоа, според него, значи споделување повеќе податоци, собирање повеќе податоци и од комерцијалните сателити и потоа нивно споделување со структурата на НАТО командата.

Значи, тоа е дел од севкупната слика, како правиме повеќе за да мониторираме и да имаме доволно надгледување. Ова го штити целиот наш воздушен простор, изјави генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Извор: Цивил Медиа

Tags: балонивселенаКинамуницијаНАТОразузнавањеРусијасојузницисоработкаУкраина
Next Post

Демократски сојуз излегува од владината коалиција

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk