ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Украина 366. ден: Полска ги испорача првите тенкови „Леопард 2″, нови санкции кон Русија

February 24, 2023 16:59
in ON THE HOUR, PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина. Земјата е во 366. ден војна.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Американскиот претседател Џо Бајден на годишнината од почетокот на војната во Украина изјави дека рускиот претседател Владимир Путин пред една година мислел дека брзо ќе го освои Кијив, но потоа дозна за храброста на Украина и железната волја на нациите во светот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина, една година откако московските трупи ја нападнаа земјата.

САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од две милијарди долари, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина велат од НАТО алијансата. Северноатлантската Алијанса денеска се оквалификува како „одлучна“ во својата поддршка на Украина и нагласија дека „пропаѓаат руските напори да ја наруши решителноста на храбриот народ на Украина“.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека неговите сили прават планови да ги потиснат руските трупи од земјата, една година откако Русија ја започна својата целосна инвазија.

ЕУ и Брисел денеска со низа настани ја одбележана годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, а во оваа прилика се очекуваат говори на претставници на ЕУ, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска е во Естонија на денот на прогласувањето на естонската декларација за независност.

Полска и ги испорача првите борбени тенкови „Леопард 2“ од германско производство на Украина, објавија денеска полските медиуми, на годишнината од руската инвазија.

САД денеска најавија нов пакет опсежни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, кои имаат за цел ослабување на нејзината економија и зајакнување на напорите за сузбивање на способноста на Москва да ги избегне постоечките ограничувања.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази скептицизам во врска со планот на Кина да стави крај на војната во Украина, тврдејќи дека Пекинг „нема многу кредибилитет“.

Велика Британија денеска, на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, воведе нови санкции против Москва кои се однесуваат на 92 физички лица и субјекти, вклучително и забрана за извоз на сите производи што можат да се користат на бојно поле.

На првата годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина, претседателот Володимир Зеленски им додели државни награди, им додели почесни титули на воениот персонал и цивилите и им ги предаде борбените знамиња на воените единици на вооружените сили и јуришните бригади на Офанзивната гарда.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска соопшти дека во руската инвазија на Украина загинале десетици илјади луѓе, а милиони се повредени.

Русија веќе изгуби околу 146.820 војници во Украина (+970 во изминатиот ден).

Во рамките на иницијативата за зачувување на културното наследство на Украина, при американското Биро за образование и култура, САД најавија седум милиони долари помош за поддршка на напорите на Украина да го заштити своето културно наследство. 

Подготви: А. Ристески

Tags: Војна во УкраинаЕУНАТОСАДУкраина
Next Post

Оцука: Ние најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk