ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Заедно со медиумите го доближуваме процесот на преговори со ЕУ до граѓаните

March 7, 2023 18:13
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја отвори обуката за новинари, во рамки на проектот наменет за подготовка за сеопфатно и информирано покривање на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, на која истакна дека медиумите имаат моќ и потенцијал добро да ги подготват граѓаните за промените кои доаѓаат и во текот на преговорите, но и со самото членство во Унијата.

Европската интеграција во моментов е најголемиот македонски проект, кој треба да биде успешна приказна. Затоа неопходно е екипирање на општеството околу оваа државничка задача, препознавање на важноста и тежината на фазата во која влегуваме од евроинтеграциите и најважната работа, приближување на процесот на преговори до јавноста, истакна Маричиќ пред новинарите.

Главниот преговарач со ЕУ истакна дека процесот ќе биде полесен ако заеднички се бориме против лажните вести поврзани со пристапните преговори со ЕУ.

Во време на дезинформации и на силна анти-ЕУ пропаганда, вистински предизвик е да им обезбедиме на граѓаните точни и квалитетни информации, за да можат да носат одлуки базирани врз точни информации, рече Маричиќ, потенцирајќи дека Владата ги смета медиумите за партнер во процесот на преговори и дека со оглед на важноста на европската перспектива на земјата, за целото македонско општество, нивната соработка ќе стане уште поблиска.

На обуката свое воведно излагање имаше и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која изјави дека патот до полноправно членство во ЕУ е многу сложен и како таков бара многу труд, посветеност, ресурси, но и поширока кохезија меѓу сите општествени чинители, како што се медиумите, граѓанскиот сектор, академската заедница, бизнис заедницата, итн.

На овој пат сите сме еднакви и сечиј придонес е неопходен за постигнување на целта што ние како држава си ја поставивме пред себе, а тоа е полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, истакна Дрита Абдиу Халили.

Како што е наведено во соопштението од СЕП, благодарност до донаторите изрази вицепремиерот Маричиќ за поддршка од Амбасадата на Шведска, која преку проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“ континуирано ја дава на Секретаријатот за европски прашања во дефинирањето на техничката помош потребна за преговорите за членство во ЕУ.

Свои обраќања на обуката имаа и Микаел Атерхог – раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Скопје, меѓународните експерти ангажирани од страна на УНОПС за поддршка на процесот за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, Владимир Дробњак и Владимир Ателјевич, како и државниот советник Драган Тилев и Христина Конеска-Бероска.

Обуката, организирана од УНОПС а поддржана од проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“, има за цел да поддржи и иницира поголема соработка меѓу владата и медиумите за важноста на интеграцијата во ЕУ како стратешка цел на нашата земја од осамостојувањето.

Освен денешната обука проектот предвидува тридневна посета на новинарите во Брисел, за одблиску да се запознаат со текот на целиот процес и да го проследат објаснувачкиот скрининг состанок со Европската комисија од 15 до 17 март, за поглавјата од Кластер 4, „Зелена агедна и одржлива поврзаност“.

Tags: ЕУинтеграцииМаричиќновинариобукачленство
Next Post

НАТО: Спогодбата за нормализација на односите е историска можност за Косово и Србија да постигнат траен мир

НАЈНОВО

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

Пет Нетфликс филмови достапни во Македонија што совршено ќе ја погодат атмосферата за Halloween

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk