Украина доби три тенкови Леопард 2А6 од Португалија, објави Министерството за национална одбрана на Португалија на Твитер, пренесува Укринформ.
„3-те тенкови Леопард 2А6 донирани од Португалија се веќе во Украина, испорачани како што е дефинирано со нашите партнери. Португалија продолжува да го поддржува украинскиот отпор против илегалната инвазија на Русија“, се вели во твитот.
Укринформ претходно објави дека Германија испратила 18 тенкови Леопард 2А6 во Украина.