ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Посебен режим на сообраќај за велигденските празници во Скопје

April 14, 2023 15:34
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА

На 15/16.04.2023, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во сабота (15.04.), во периодот од 18.00 часот па до завршување на манифестацијата „Воскресение Христово – Велигден“, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници:

бул. „Партизански одреди“, од раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до раскрсницата со бул. „ВМРО“

бул. „Св.Климент Охридски“, од раскрсницата со бул. „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Димитрие Чуповски“

Возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, пото по ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“. Истите сообраќајници ќе ги користат и автобудите кои сообраќаат во спротивна насока.

Исто така, во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска војска“, пред црквата „Свети Петар и Павле“, на потегот од крстосницата со бул. „Партизански одреди“ до ул. „Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром, пак, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. Доколку се појави потреба, за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници околу верските објекти.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

 

Tags: ВелигденСкопјесообраќаен режим
Next Post

Ескобар: Договорот меѓу Србија и Косово немаше да биде постигнат без поддршката од Северна Македонија

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk