Руските трупи се повлекоа на растојание до два километри на одделни делови од фронтот во насока на Бахмут.
„Благодарение на добро осмислената одбрана во насока Бахмут, ги добиваме резултатите од ефикасните акции на нашите единици. Меѓу другото, извршуваме и ефективни контранапади. Во некои области на фронтот непријателот не можеше да го издржи напад на украинските бранители и се повлекоа на растојание до два километри“, објави на Телеграм генерал-полковник Олександр Сирскиј, командант на копнените вооружени сили на Украина.
Според него, компетентното спроведување на одбранбената операција ги исцрпило обучените сили на платениците од Вагнер и ги натерало во одредени правци да бидат заменети со послабо обучени единици на руските редовни трупи кои биле поразени и се повлекле.
„И покрај значителната концентрација на војници и гласните изјави на руските воени злосторници за нивната намера да го заземат Бахмут до 9 мај, непријателот сè уште не можеше да го освои украинскиот град. Нашите одбранбени сили сигурно го држат фронтот и го спречуваат непријателот да напредува Битката за Бахмут продолжува“, рече командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина.
Сирски ја пофали „работата на 3-та посебна јуришна бригада која му зададе силен удар на непријателот во битка и ја покажа силата на украинската армија“.
Подготви: Ј. Ѓ.