Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, посочи дека Чаир е Северна Македонија во мало и дека тоа е големо богатство.
Општина Чаир важи како мултикултурна и мултиетничка општина, и тој дивирзитет се сфаќа како едно големо наше богатсво. Како и Куманово, и во Општина Чаир, како што кажа, Северна Македонија во мало ја имаме во нашите општини. Тука, освен Албанци и Македонци живеат и Турци, Бошњаци, Роми и други, што навистина е големо богатсво.
Јас би почнал од основните училиошта, затоа што да го негуваме соживотот мораме тоа да го направиме од мали нозе. Во тој контекст немаме проблеми. Дури можам да кажам дека имаме доста унапредени чекори од тој дел, бидејќи знаете дека од нашите девет основни училишта, 6 се мултиетнички, каде се учи на повеќе јазици., вели Ганиу.
Тој посочи дека во училиштата нема етнички проблеми, училишта се мултиетнички. Турскиот и бошњачкиот јазик се имплементира како официјален јазик во општина Чаир и покрај тоа што законски не им следува. За тоа имаше консензус и сите политички партии и етнички групи се согласија на тоа.
Ние славиме и Велигден и Бајрам, вработените заеднички го прославуваат., вели чаирскиот градоначалник.
Во Старата скопска чаршија може да се најдат сите култури каде што граѓаните се дружат, пијат кафе, чај, како и дека поголемиот дел од граѓаните од таму го вадат лебот. Работиме на тоа да го вратиме сјајот на Скопската чаршија и на тој начин ќе го зголемиме присуството на туристите, рече Ганиу.
Тој нагласи дека одлично соработуваат и со општините со кои граничиме, но исто така општината има и прекугранична соработка.