Излезноста на гласачите на парламентарните избори во Грција достигна 48,76 отсто заклучно со 16:30 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи во Атина, пишува Катимерини.
Податоците се добиени од претставници на 17.548 од вкупно 21.467 избирачки места, што претставува 82 отсто од вкупниот број.
Според Михалис Ставрунидакис, генерален секретар на Министерството за внатрешни работи, постои можност сегашната излезност да ја надмине таа на изборите во 2019 година.
Г. Т.