ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Излезни анкети: Нова демократија има предност, но нема да може да формира мнозинска влада

May 21, 2023 19:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕГИОН
Кирјакос Мицотакис избори (Photo: REUTERS)

Кирјакос Мицотакис избори (Photo: REUTERS)

Излезните анкети на парламентарните избори во Грција покажуваат дека конзервативната партија Нова демократија на премиерот Кирјакос Мицотакис е во водство, но веројатно нема да освои доволно места во Парламентот за целосно да формира влада, објави грчкиот весник Катимерини.

Доколку биде потврдено со официјални резултати, Мицотакис ќе мора да бара коалициски партнери за да обезбеди мнозинство во 300-члениот Парламент. Доколку коалициските преговори не успеат, вторите избори би можеле да се одржат кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Излезните анкети покажаа дека главниот ривал на Мицотакис, поранешниот премиер Алексис Ципрас (48) и неговата левичарска партија СИРИЗА се наоѓаат на второ место. Анкетите предвидуваа Нова демократија да освои меѓу 121 и 125 пратенички места, со СИРИЗА меѓу 86 и 89 места, со вкупно шест или седум партии кои го надминаа прагот од три отсто од гласовите за да влезат во Парламентот.

Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Open, Action24 и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички exit polls во соработка со агенциите „Pulse“, „MRB“, „MARC“„Metron analysis“„ GPO“ и „ALCO“.

Според анкетите и резултатите од 80 отсто преброени exit polls:

Нова демократија – од 36 до 40 отсто од гласовите

СИРИЗА – од 25 до 29 отсто

ПАСОК – Движење на промена – од 9,50 до 12,50 отсто

Комунистичка партија на Грција – од 6 до 8 отсто

Грчко решение – од 3,50 до 5,50 отсто

МЕРА25 – 2,50 до 4,50 отсто

Во однос на распоредот на пратеничките места, процените на агенциите, според 80 проценти од преброени exit poll се дека Нова демократија не добива доволен број пратеници за еднопартиска влада.

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Денешните избори се први во Грција откако нејзината економија престана да биде под строг надзор од меѓународните кредитори кои обезбедија спасувачки средства за време на речиси децениската финансиска криза во земјата.

Гласањето се одржа според новиот изборен закон за пропорционална застапеност, што го отежнува особено на која било партија да освои доволно гласови за сама да формира влада. Но, за следните избори, законот повторно ќе се промени, префрлајќи се на систем кој ја наградува водечката партија со бонус места и ќе и го олесни добивањето на мнозинството пратенички места.

Мицотакис, 55-годишен поранешен банкарски директор образован на Харвард, имаше стабилна предност во анкетите во пресрет на изборите. Но, неговата популарност доби удар по железничката несреќа на 28 февруари, во која загинаа 57 луѓе. Подоцна беше откриено дека железничките станици биле слабо екипирани и безбедносната инфраструктура уништена и застарена.

Владата беше погодена и од скандал со прислушување во кој новинари и истакнати грчки политичари открија шпионски софтвер на нивните телефони. Откритијата ја продлабочија недовербата меѓу политичките партии во земјата во време кога можеби е многу потребен консензус.

Грчката некогаш доминантна социјалистичка партија ПАСОК веројатно ќе биде во центарот на какви било коалициски разговори. Нејзиниот лидер Никос Андрулакис (44) беше во центарот на скандалот со прислушувањето во кој неговиот телефон беше цел на следење.

Но, лошиот однос на Андрулакис со Мицотакис, кого го обвинува за прикривање на скандалот со прислушувањето, значи дека договор со конзервативците би бил тежок. Неговиот однос со Ципрас е исто така лош, обвинувајќи го дека се обидел да ги украде гласачите на ПАСОК.

Г. Т.

Tags: Грцијаизбориизлезни анкетирезултати
Next Post
Убиство (Foto: Pixabay free)

Албанија: Доживотен затвор за убиство на дете, заострени казни за семејно насилство

НАЈНОВО

Ray Giubilo / Instagram @raygiubilo

Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk