Украинските власти сметаат дека нападот врз Киев е најголемиот напад со беспилотни летала врз градот од почетокот на војната.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 52 од 54-те дронови лансирани од Русија, нарекувајќи го рекорден напад со беспилотни летала „камикази“ од Иран. Засега не е јасно колку од беспилотните летала биле застрелани над Киев, пренесува Гардиан.
Воздухопловните сили на Телеграм објавија дека Русија таргетира воени и критични инфраструктурни објекти во централните региони на Украина, а особено во регионот на Киев.
Серхи Попко, шефот на воената администрација на Киев, претходно изјави дека прелиминарните информации укажуваат дека воздушниот напад бил најголемиот напад со беспилотни летала од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Тој додаде дека Русија во нападот ги користела беспилотните летала Шахед од иранско производство. Ројтерс не беше во можност самостојно да ја потврди таа информација.
„Денес, непријателот реши да им го „честита“ на луѓето во Киев, Денот на Киев, со помош на нивните смртоносни летала (беспилотни летала)“, рече Попко на апликацијата за пораки Телеграм.
Нападот беше извршен во неколку бранови, а воздушната тревога траеше повеќе од пет часа.
Претседателот Володимир Зеленски го повика Иран претходно оваа недела да го преиспита снабдувањето со смртоносни беспилотни летала за Русија со цел да го запре нивното лизгање во „темната страна на историјата“. Но, Иран во саботата рече дека неговите коментари навистина биле дизајнирани да привлечат повеќе оружје и финансиска помош од западот.
Подготви: Марта Пешевска
Извор: ЦИВИЛ Медиа