ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

МНР на Украина: Разнесувањето на браната Каховка е технолошки и еколошки тероризам, најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении

June 6, 2023 16:31
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ноќта на 6 јуни, Руската Федерација ја разнесе браната на Каховската хидроелектрична централа, која се наоѓа во близина на градот Нова Каховка во привремено окупираната територија на Херсонската област. Десетина населени места од двете страни на реката Днипро се во опасност од поплави стои во сооптението на Украинското МНР.

Единиците на Националната полиција и Државната служба за вонредни ситуации на Херсонската област преземаат итни мерки за евакуација на цивилното население од потенцијалните зони на поплави. Во тек е предупредувањето на жителите на привремено окупираниот лев брег на Херсонската област.

Разнесувањето на браната на ХЕЦ Каховка од страна на РФ го сметаме за терористички акт против украинската критична инфраструктура, чија цел е да предизвика што е можно повеќе жртви и уништување. За терористичкиот напад на ХЕЦ Каховка претходно жестоко се дискутираше на ниво на окупаторските сили во Херсонската област и пропагандистите на руската телевизија, што укажува дека тој бил однапред планиран.

Разнесувањето на браната на ХЕЦ Каховка е технолошки и еколошки тероризам, најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении, уште една манифестација на рускиот геноцид врз Украинците. Ова е одговорот на Кремљ на земјите кои повикуваат на мировни преговори со РФ.

Поради намалување на нивото на водата во Каховскиот резервоар, може да има опасност од инцидент на друг критичен инфраструктурен објект окупиран од Русија – АЕЦ Запорижја.

Ја повикуваме меѓународната заедница најостро да го осуди рускиот терористички напад врз ХЕЦ Каховка.

Технолошкото злосторство на РФ ја потврдува високата актуелност на Формулата за мир на Претседателот на Украина Володимир Зеленски. Ги повикуваме меѓународните партнери да се приклучат на нејзиното спроведување што е можно поскоро, особено на точките за борба против екоцидот, нуклеарната и енергетската безбедност.

Русија ќе мора да ги компензира сите последици од своето злосторство: како за луѓето, така и за инфраструктурата и животната средина.

Се обраќаме и до земјите од Групата седум и ЕУ итно да размислат за воведување на нови далекусежни санкции против РФ, вклучително против руската ракетна индустрија и нуклеарната индустрија.

Според резултатите од состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана утрото на 6 јуни, беше утврден предложениот од страна на Министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, списокот на активности на Министерството за надворешни работи на Украина во контекст на одговорот, кој, вклучително, вклучува свикување од страна на Украина на итен состанок на Советот за безбедност на ОН и донесување на прашањето за рускиот терористички напад на состанокот на Управниот совет на МААЕ, како и вклучување на Механизмот за цивилна одбрана на Европската унија.

За терористичкиот акт на Русија во ХЕЦ Каховка на својот Твитер профил објави и украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир.

468 ден. државата-терорист рф синоќа ја нападна 🇺🇦 со 35 ракети X-101/X-555; ја разнесе браната на Каховската ХЕЦ. Илјадници луѓе се во опасност.
рф го продолжува геноцидот, екоцидот на територијата на 🇺🇦. Помогнете ѝ на Украина да го запре теророт на 🇷🇺#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/LpqJeeUP2p

— Larysa Dir (@dir_larysa) June 6, 2023

 

468 ден. државата-терорист рф синоќа ја нападна Украина со 35 ракети X-101/X-555; ја разнесе браната на Каховската ХЕЦ. Илјадници луѓе се во опасност. рф го продолжува геноцидот, екоцидот на територијата на Украина. Помогнете ѝ на Украина да го запре теророт на Русија, напиша Дир.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: Амбасафорка Лариса Дирбрана Каховкаекоцидруска агресија врз УкраинатероризамУкраина МНР
Next Post

Во Кувајт втори парламентарни избори за девет месеци

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk