ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Слеп „опозиционер“ со следбеници направени од несолиден материјал

June 8, 2023 13:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Нема причина за чудење: Мицкоски не знае што зборува или јас не знам што тој човек зборува. Вчера во четирисетминутно обраќање, откако заврши лидерската средба, Мицкоски се обрати до народот и сенатот, ни кажа купишта работи кои за пристоен човек се нејасни, неразумни, конфузни, еклектични, противречни…

Ви велам, нема причина за чудење: тоа што Мицкоски зборува тоа сме сите ние. Ако тоа сме „сите ние“, се поставува прашањето – ќе престане ли еднаш овој кошмар!? Ќе има ли спас од овие лупинзи, спинувања, гадни манипулции, одвратни реторики кои многу зујат а ништо не кажуваат. Без разлика колку тоа нас нè мачи и вознемирува, овој човек не планира да се промени.

Добро, некој ќе рече – „сакаме избори“. Јас на тоа ќе речам – изборите се само бројки, „клучните“ гласови можат да бидат и одраз на сомнителна волја, индуцирана маса која се пали на узурпираниот јавен простор во кој оро водат најлошите меѓу нас. Прашањето на нашата слобода, прашањето на нашата Европа е јасно и недвосмислено: Мицкоски не може да биде арбитар за тоа каде сме тргнале и кого треба да следиме.

Постои ли категорија која може да се објасни, а притоа да нема во себе масовна обмана која корне на празнина, и која во себе ќе содржи национална самопочит? Или нешто слично на тоа. Очигледно е дека лидерот на опозицијата е слепец, но тоа не е влезна агонија за домашната политичка ситуација. Зло кое не може да се објасни во оваа реторичка конфузија за Уставните измени, не можеме да ја избегнеме без поразителната самодефиниција за состојбата на работите: слепец, имено, води слепци кои се восхитени од својот амбиент на мрак.

Далеку сум од тоа, овде, во овој текст, да се занимавам со „креативните “ реторички празнини на Мицкоски, затоа што тој веќе тие ги кажа вчера во Клубот на пратеници, воден од сопствената безнадежност и депресија. Ама политичкото слепило, без разлика колку е ендемско, вчера ни се покажа во силно светло: модел на необјаснива екстаза пред нешто кое не постои.

Потребата за трчање по Мицкоски може да го карактеризираме и како емотивен занес на дел од изгладнетата толпа во потрага по државни привилегии: пари, провизии, тендери… уште повеќе пари, уште повеќе провизии и уште повеќе тендери. Така Мицковите толпи ја разбираат идентитетската конфузија во неговата глава. Нивното „доaѓање на власт“ не е ништо друго освен потреба за личен интерес. Ама таков е начинот на кој работи нивниот агит-проп: „немојте да се грижите за лагите кои ги зборуваме, нивната наплата стигнува подоцна“.

Од друга страна, Ковачевски на вчерашната средба делуваше смирен, втемелен и конкретен. Му понуди на Мицкоски екипирање околу најважниот дел за Европа – изгласување на Уставните измени во Собранието – а за возврат, Мицкоски ќе добие пет министерства. Фино, нека земе сè само нека не ја кочи Европската иднина? Подоцна во текот на денот, Бујар Османи климна потврдно на уште една Мицкова желба: сакал синот „македонски“ ДУИ да не биде во владата за „национален спас“, на таа желба, Османи Б. му враќа нешто од прилика со, „важи. Само ти поддржи ги Уставните измени, ние со Ахмети ќе си заминеме во опозиција“.

Вака прифатени желби не може да значи ништо друго освен бесрамност и очај на Мицкоски. Понудени министерства, огромно мнозинство на граѓани албанци да заминат во опозиција затоа што така Мицкоски сака, претставува негово врвно недемократско однесување кое во себе има и тоталитарни елементи. Сè уште нема избори, а тој, Мицкоски, од говорница ни кажува кој сака да остане на власт, кој да оди во опозиција. Вакво поведение едноставно е незапаметено во современата Македонска историја. Ваков тиранин не беше ниту Груевски, од позиција на опозиционер, без избори, да разместува релевантни политички играчи, да им кажува „ти сине тамо, а ти сине вамо“. Ваква бескруполозност јас до сега не сум видел.

Ако „идниот господар“ е од ваков материјал, тогаш можам слободно да кажам дека неговите следбеници се направени од несолиден материјал. И како е возможно котерија од несолидни аналитичари, комични јавни личности и останати лакрдијаши да ги загадуваат телевизиските студија и уште да бидат сериозно сфатени? Можеби затоа што медиумите во огромна мера работат за Мицков интерес (?), а останатите не сакаат да поминат линчувани ако само за момент речат дека политиките на Ковачевски и СДСМ се државнички и Европски!?

Агит-пропот на Мицкоски сè уште работи под брутална индоктринација на целната група, а конкретна целна група е нивното гласачко тело кое е субординирано, а суштинската порака е следна: „Сè пропаѓа ако Мицкоски изгуби“. Вистината е сосема спротивна, ама тие кои ја знаат не си веруваат ни себе ни на сопствената глава.

И ете ни го сега Христијан М. во влада, ако и за тоа не лаже, сопственик на министерства и општини, а богами и сопственик на многу медиуми во земјата, брат на „мнозинскиот“ дел на гласачи во Македонија. Што е Мицкоски денес од позиција на опозиционер? Па, практично е сè.

А што уште не бил?

Слеп премиер кој им верува на сопствените очи, и со таков манир и однесување, овде човек може да биде сè што ќе посака.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: МицкоскиНЕНАД ЈОВАНОВИЌуставни измени
Next Post

Тренчевска: Системот за социјална заштита обезбедува поддршка за бездомните лица

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk