Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку објава на социјалните мрежи се обидува да ја злоупотреби вчерашната трагедија кога возило од Косово падна во реката Лепенец и се обидува да ги вознемири граѓаните ширејќи невистини за полициските службеници од Косово кои помагаат во потрагата по возилото и лицата, реагираат со соопштение од МВР.
Оттаму нагласуваат дека „вистината е дека по трагедијата, а врз основа на меморандумот за соработка што го имаме со косовската полиција, а со цел поддршка на нашите екипи во потрагата по косовските граѓани, уште вчера пристигна екипа со опрема од косовската полиција и таа постојано работеше со нашите полициски службеници“. Неверојатно е како некој може дури и ваква трагедија да ја употреби за политиканство и вознемирување на граѓаните, велат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на ваквите подметнувања.
„Ниту е загрозена безбедноста ниту има било каква потреба за вознемиреност. Македонската полиција е гарант за безбедноста на граѓаните“, наведуваат од МВР.
Поврзано:
ЈО: Обдукција на загинатите во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната