ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи пред Комитетот на министри на СЕ: Соработката на ОБСЕ и на Советот на Европа е повеќе од кога било потребна и релевантна

July 5, 2023 13:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес во Стразбур се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ). На половина од Претседавањето со ОБСЕ, Османи ги претстави досегашните активности во својство на Претседавач. Како клучни, Претседавачот ги издвои посетите на Украина, Молдавија, Јужен Кавказ, како и на Србија и Косово, потенцирајќи ја и континуираната работа на ОБСЕ во овие клучни региони за Организацијата.

„Живееме во период на демократско назадување и безбедносни предизвици поради руската воена агресија против Украина, која ги наруши принципите на кои се втемелени нашите организации. Затоа, приоритет на нашето Претседавање е да обезбедиме суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ. Откако ќе се врати мирот и Русија ќе ги повлече своите сили од суверената територија на Украина, ОБСЕ ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за нејзино повоено закрепнување”, рече Османи во своето обраќање.

Покраj планот за Украина, Османи се осврна и на другите долготрајни конфликти и нестабилност во регионот на ОБСЕ, за кои како Претседавач презентираше патокази за постепено решавање што ќе доведе до долготрајна стабилност и мир.

„Во таа насока е и планот од 9 точки за деескалација на неодамнешните тензии во Косово, којшто ќе обезбеди понатамошна нормализација”, рече Османи, потенцирајќи дека Претседателство во сите свои планови на прво место ги става луѓето и подобрувањето на нивниот секојдневен живот.

Како што рече Османи, ОБСЕ е вклучена во широк спектар на важни области за луѓето, а своите капацитети за регионот на Југоисточна Европа ги насочи на помирувањето, борбата против корупцијата и климатските промени. И покрај предизвиците со кои се соочува Организацијата, таа ќе остане целосно посветена на своите приоритети, рече Османи.

„Функционална и флексибилна ОБСЕ којашто ќе помогне во обновувањето на мирот и безбедноста и ќе спречи идни конфликти во регионот на ОБСЕ. Промоција на безбедноста на луѓето преку поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка и промоција на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслови за сеопфатна безбедност”, истакна Османи.

Токму во овие приоритети се соединуваат активностите и на ОБСЕ и на Советот на Европа чија взаемна работа е повеќе од кога било потребна и релевантна, рече Османи. Низ годините и двете организации негуваат силна соработка за градење на енергични и силни демократии.

Tags: МНРОБСЕОсманиСовет на ЕвропаУкраина
Next Post

Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk