Русија започна серија напади со минофрлачи, артилерија, беспилотни летала и ракетни фрлачи во изминатите 24 часа, објави Скај њуз.
Во јужната украинска провинција Запорижја се извршени 45 воздушни и артилериски напади меѓу петокот и саботата, изјави гувернерот Јуриј Малашка.
Соседната провинција Керсон беше нападната 70 пати во истиот период, користејќи минофрлачи, артилерија, беспилотни летала, тенкови, авијација и повеќе ракетни фрлачи, истакна гувернерот Олександар Прокудин.
Во руското гранатирање загина еден цивил во источната украинска провинција Доњецк, потврди гувернерот Павло Кириленко.
Уште 10 напади со беспилотни летала биле насочени кон југ и исток, соопштија украинските военовоздухопловни сили.
Г. Т.