Дали поради пасивниот или (активниот) бојкот на работата на Собранието опозицијата во вторникот се најде во една парадоксална ситуација – со денови да зборува дека македонскиот јазик е загрозен, дека со евентуалното усвојување на уставните измени тој ќе биде дополнително загрозен во ЕУ, а во исто време да не се гласа за предлогот на законот за употреба на македонскиот јазик во првото читање.
Ова е втор „инцидент“ поврзан со македонски јазик во кој пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата околу партијата не учествуваат при гласањето. Првиот беше при ратификацијата на договорот за Фронтекс со ЕУ потпишан на македонски јазик. Тогашното објаснување (повеќе смешно отколку реално) беше дека вмровските пратеници не го слушнале ѕвончето кое ги повикува да влезат во салата и така го пропуштиле гласањето. Сите до еден!
Така и сега. Дури 36 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да гласаат за законот за македонски јазик да го помине првиот филтер, т.е. првото читање, за сега да отиде на јавна расправа. Не усепаја да гласаат ниту оние пратеници кои претходно во расправата имаа пофални зборови за предложениот закон, како Гордана Силјановска-Давкова. Таа претходно рече: „Го поздравувам предлогот за донесување на Законот за македонскиот јазик, постапката одеше во дебатен стил, со предлози кои беа ислушувани од министерката, а дел беа прифтени“. Во салата, сепак, над 60 пратеници гласаа законот да премине во натамошните фази.
Целиот материјал на следниот линк!