ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ со препораки за борба против корупција на највисоките нивоа на власта во Албанија; уапсен поранешен припадник на ОВК во Албанија; десет причини зошто Македонците треба да го научат албанскиот јазик

August 1, 2023 11:57
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН

Албанија треба да ја зголеми кохерентноста на правната и институционалната рамка за спречување на корупцијата и интегритетот на јавните службеници, што е сеопфатно, но премногу сложено, особено за високите функционери“, се вели меѓу другото  во извештајот на Европската комисија, е една од главните теми денеска во албанските медиуми. Специјализираните совети со седиште во Хаг соопштија дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Дритан Гоџај, е уапсен во Тирана, Албанија, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Панорама: „Борба против корупцијата на највисоките нивоа на власта“ – Се појаснува извештајот на ЕК, барањата што и ги поставува на Албанија: Медицинскиот канабис ризикува пренасочување кон нелегални пазари

Европската комисија во извештајот „Скрининг“  го истакнува патувањето на Албанија кон ЕУ, главните проблеми во земјата но и достигнувањата во клучните реформи.

„Законодавната и институционалната рамка на Албанија мора да се консолидира и дополнително да се продлабочи во спроведувањето на реформата, правната и институционалната рамка, особено преку обезбедување ефикасна соработка меѓу правосудните институции. Албанија треба да ја зголеми кохерентноста на правната и институционалната рамка за спречување на корупцијата и интегритетот на јавните службеници, што е сеопфатно, но премногу сложено, особено за високите функционери“, се вели меѓу другото  во извештајот на Европската комисија, пренесе Панорама.

Топ Чанел: Корупција на избори, СПАК ги праќа Белери и Кокавеши во ЃККО на судење

„Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал до Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал го поднесе барањето за судење за Фреди Белери и Пандели Кокавеши.

Дионисиос Алфред Белери се товари за кривичното дело „Активна корупција на избори“, сторено во соработка, предвидено со член 328 и 25 од Кривичниот законик.

Пандели Кокавеши се товари за кривичното дело „Активна корупција на избори“, извршено во соработка предвидено со член 328 и 25 од Кривичниот законик.“, пренесува Топ Чанел.

КОСОВО

Албеу – ЕУ: Оставката на претседателите е најбрзо решение за ситуацијата на северот на Косово

Додека косовските институции велат дека новите гласања треба да се направат со потпишување на петицијата, имаат пократок пат од официјален Брисел до изборите, кои треба да бидат сеопфатни.

„Оставките на градоначалниците на општините се најбрзиот начин за промовирање на предвремени избори, додека двете партии мора да покажат конструктивност во реализацијата на изборите. Статус квото, што произлезе од повлекувањето на Србите од косовските институции во ноември минатата година и бојкотот на изборите во април од страна на заедницата на косовските Срби, не е одржлив“, се вели во одговорот од Службата за надворешни работи (ЕЕАС), пренесува Албеу.

РСЕ: Специјалниот суд  уапси поранешен припадник на ОВК во Албанија

„Специјализираните совети со седиште во Хаг соопштија дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Дритан Гоџај, е уапсен во Тирана, Албанија. Според соопштението, Гоџај е уапсен врз основа на потерница за сторени кривични дела против спроведувањето на правдата, кои вклучуваат заплашување и попречување на службени лица во вршење на нивната служба. Специјализираните совети, познати и како Специјален суд, соопштија дека апсењето е извршено во соработка со албанските власти. Тој ќе биде приведен во Албанија додека се чека одлуката на албанските власти за неговото префрлање во Специјалниот притвор во Хаг.“, пренесе Радио слободна Европа на албански јазик.

КУЛТУРА

Еуроњуз: Научна студија: Албанскиот  јазик стар 6.000 години, автохтон на Балканот

Во една неодамнешна научна статија, преку употреба на софистицирани методи, се проучува потеклото на индоевропските јазици, вклучувајќи го и албанскиот јазик заедно со ерменскиот и грчкиот. Објавените податоци докажуваат дека албанскиот е еден од најстарите индоевропски јазици што се уште се зборува.

Притоа, истражувањата спроведени главно преку компјутерски лингвистички студии ја потврдуваат антиката и оригиналноста на албанскиот јазик.

Истражувачите спроведоа и ДНК студии и потврдија дека албанското население е автохтоно и многу античко во овие земји, пренесува Еуроњуз.

КОЛУМНА

ИНА: Десет причини зошто Македонците треба да го научат, и да не го мразат албанскиот јазик

Македонците треба да научат албанскиот јазик затоа што:

1.Албанскиот јазик е еден од најстарите јазици во семејството на индоевропски јазици;

2. Можат слободно да комуницираат со своите сограѓани Албанци и ги елиминираат сите предрасуди и бесмислени стереотипи;

3. Јазичната разновидност е богатство на секоја земја;

4.Тие можат да имаат пристап до пазарот на трудот во албанските компании во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и Прешевската долина;

5.Тие можат полесно да основаат компании, каде било на албанските територии во регионот;

6. Младите истражувачи можат да ја проучуваат и користат албанската литература

7. Можат да ги направат патувањата и туризмот полесни и попријатни;

8. Ќе бидат поотворени;

9. Ќе бидат потолерантни;

10. Ќе бидат посреќни, пишува меѓу другото авторот Мухамер Пајазити во колумната „Десет причини зошто Македонците треба да го научат и да не го мразат албанскиот јазик“, објавена во ИНА.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Формирана стручна комисија што го утврдува предлогот на листата со лекови на товар на Фондот

НАЈНОВО

Промоција на „Ghosts“ првиот студиски албум на Јон Ајди. Фото: Џабир Дерала

Јон Ајди со промоција на новиот сингл „Don’t Break It“

August 19, 2025

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 19, 2025

На студот, заедно со жртвите

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk