ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителството поведе постапка за насилство кон новинарската екипа на ТВ Алсат

August 22, 2023 15:45
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето кое вчера ја нападна новинарската екипа на ТВ Алсат во Скопската чаршија.

Како што информираат од Обвинителството, лицето е осомничено дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на Телевизија Алсат-М. Со тупаници го удрил снимателот по главата и телото, а кај двете новинарки предизвикал чувство на вознемиреност и страв. Во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, по наредба на јавен обвинител, обезбедени се снимки од видео надзор од околните објекти, стои во соопштението од ЈО.

Дополнуваат дека јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа на осомниченото лице, како и забрана за остварување контакти со сведоците и со оштетениот.

ТВ Алсат вчера објави дека нивната екипа била нападната додека била на должност. Станува збор за новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа кои заедно со снимателот биле на терен.

– Лицето кое има продавница во близина, без повод и причина со остар предмет им се заканувал на новинарките и на снимателот, дури и по живот. Потоа, без повод и причина, лицето физички го нападнало снимателот, нанесувајќи му повеќе повреди на различни делови од телото, велат од ТВ Алсат.

Повеќе здруженија и институции, помеѓу кои Здружението на новинари на Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денеска го осудија нападот и побараа реакција од институциите.

Од невладината ЦИВИЛ реагираа со соопштение во кое се вели „Нападите врз медиумските работници се напад врз слободата на говорот и човековите права во целост!“, и побараа од надлежните органи да стават крај на говорот на омраза и остра законска санкција..

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, најостро го осудува насилството во секоја форма. Нападите врз медиумските екипи е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда и остра законска санкција.

Нападот врз новинарските екипи е кривично дело, па така и последниот напад врз снимателот на ТВ Алсат-М претставува грубо кршење на Кривичниот закон. ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на институциите и бара да му се даде максимална казна на насилникот, како и осуда од јавноста.

На снимателот и колегиумот на ТВ Алсат-М му изразуваме целосна поддршка и солидарност, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Тепањето новинари не само што е тешко кривично дело, туку е крајно неморален и кукавички чин! Да се бара слобода, правда и демократија е возвишена човечка должност и одговорност, не предавство. Да се тепа, мрази и брани криминалот – тоа е предавство!

ЦИВИЛ апелира до надлежните органи да стават крај на говорот на омраза и соодветно да ги санкционираат ваквите наративи како и злосторствата што може да произлезат од говорот на омраза.

Tags: обвинителствоТВ Алсат
Next Post
EPA/DARKO ANDONOVSKI

Втор хеликоптер на МВР ќе се вклучи во гаснење на пожарот на Јакупица

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk