Фракцијата демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ со осуда за односот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски кон Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД во Македонија госпоѓа Ангела Агелер. Фракцијата го повикува таканаречениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш и неодложно да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата која ја узурпира.
Со денешното инаетење, спротивно на интересите на Македонскиот народ, граѓаните на Македонија и државата Македонија, узурпаторот Мицкоски, сам си ја отвори вратата кон буништето на македонската историја.
ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била партија која се залага за вредностите на западните демократии на чело со САД. Почнувајќи континуирано од историското ВМРО до создавањето на самостојна држава Република Македонија со нескриена и недвосмислена историска и актуелна поддршка и покровителство од САД и другите западни демократии. ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година до денес и членовите на нашата партија не доживеале вакво понижување и срам, како што тоа денес им го приреди Христијан Мицкоски, отворено навредувајќи ги напорите и спротиставувајќи се на вредностите на САД и ЕУ.