„Економската криза на некој начин е „покритие“ за неисполување на програмите ветени за време на изборната кампања на градоначалниците“ – вели во изјава за „Фронтлајн“, Катица Михајловиќ од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), граѓанска организација, која работи на промоција на демократијата, доброто владеење и следење на општествените процеси.
Приоритет во програмите на градоначалниците, вообичаено се дава на инфраструктурата, односно на градењето улици, болници, водовод, канализација, училишта и градинки, спортски игралишта, базени, но и плоштади, паркови, културни домови. И се чини дека во општините нема некоја динамика во однос на реализација на ваквите ветувања. Тука недостига критика од јавноста и медиумите коишто недоволно укажуваат на дадените ветувања пред изборите и не вршат притисок тие да се остварат. На овој начин продолжуваме да функционираме во еден затворен круг, нови избори со старо/нови ветувања и без вистинска желба за решавање на проблемите, вели Михајловиќ.
Во последната анализа објавена деновиве од Институтот за демократија и економски анализи, каде се набљудувани 13 општини, е констатирано дека во дел од нив градоначалниците не ги исполнија предизборните ветувања.
Инаку, кадри на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се на чело на 42 општини, на СДСМ во 16, на ДУИ 10 општини.
Дестан Јонузи