ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Октомвриско пленарно заседание на Европарламентот во Стразбур

October 2, 2023 09:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до петок во Стразбур ќе се одржи октомвриското пленарно заседание на Европскиот парламент, на чиj дневен ред, меѓу другото, се разгледувањето на законот за слобода на медиумите и директивата за заштита од економски уцени, како и дебати за азилот и миграцијата, случувањата во Нагорно-Карабах и трговските односи на ЕУ со Кина.

Расправата за директивата за заштита на ЕУ од економски уцени, која треба да претставува нова трговска алатка што ќе и овозможи на Унијата да одговори со контрамерки, доколку таа во целина или некоја од нејзините земја членка се најде на удар на економска уцена од држава што не е членка на блокот, е предвидена за денеска, а гласањето по неа ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

За утре е предвидено европратениците да расправаат и да гласаат за Законот за слобода на медиумите, кој има за цел да ги заштити медиумите од мешање и да ги направи потранспарентни и понезависни, како и за ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ, поврзана со средства наменети за помош на Украина. Во тој контекст, в четврток комитетите за буџет и за надворешни работи ќе треба да се изјаснат за создавање на наменскиот механизам за поддршка, обнова и модернизацијата на Украина за периодот 2024-2027 година во износ од 50 милијарди евра.

Во текот на утрешното попладневно заседание членови на Европската комисија ќе одговараат на прашања поврзани со трговските односи меѓу ЕУ и Кина, по најавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за покренување нова истрага за кинеските државни субвенции за производителите на електрични возила во земјата.

Истиот ден на дневен ред е и дебатата за ситуација во Нагорно-Карабах, по неодамнешното воена операција со која Азербејџан презеде контрола врз овој планински сепаратистички регион населен речиси целосно со Ерменци. Предвидено е в четврток европратениците да гласаат за усвојување на резолуција за Нагорно-Карабах, во чија содржина ќе бидат вклучени и делови произлезени од дебатата.

В среда ќе се одржи клучната дебата на ова заседание поврзана со прашањата за азил и миграција во контекст на континуираното пристигнување на бегалци и мигранти во ЕУ по морски пат и потребата од брзо усвојување на сеопфатен европски пакт за азил и миграција. Истиот ден европратениците ќе гласаат и за заклучоците од дебатата.

Исто в среда, европратениците ќе дебатираат со претставници на Советот на ЕУ и на Еврокомисијата за предлогот за продолжување на дозволата за употреба на глифосат во Унијата за уште десет години. Станува за органско фосфорно соединение, кое се користи за уништување на плевелот во земјоделството.

За в среда е предвидено пред европратениците да се обрати чешкиот претседател Петр Павел, кој пред обраќањето ќе има билатерална средба со претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола.

Комисијата за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната на ЕП, денеска и утре ќе ги сослушува Вопке Хукстра, кој е предложен за нов еврокомесар од Холандија, кој ќе биде задолжен за климатски активности, како и еврокомесарот за меѓуинституционални односи, Словакот Марош Шефчович, кој е номиниран за извршен потпретседател ЕК за Европскиот зелен договор. Функциите извршен потпретседател ЕК за Европскиот зелен договор и еврокомесар за климатски активности останаа празни по оставката на Франс Тимерманс, кој во август официјално се повлече од Европската комисија за да го предводи блокот на неговата Лабуристичка партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на предвремените парламентарни избори во Холандија закажани за во ноември и да биде кандидат за премиер на оваа коалиција. Пленарното гласање за именувањето на Хукстра и Шефчович е планирано за в четврток.

Исто така в четврток, треба да заседаваат и комитетите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи и за правата на жените и родова еднаквост, кои треба да усвојат став по Предлог-законот за борба против трговијата со луѓе, со кој се предвидуваат поголеми санкциите за трговците со луѓе и зајакната заштитата на жртвите.

На маргините на заседанието, предвидено е Мецола денеска да има средба со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, а утре со италијанскиот министер за европски прашања Рафаеле Фито.

Од друга страна Фон дер Лајен покрај со Мецола, денеска во Стразбур ќе има средби и со претседателите на пратеничките групи на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Ираче Гарсија-Перез и на Обнова на Европа, Стефан Сежурне. Утре, пак, Фон дер Лајен ќе се сретне со копретседателите на пратеничките групи Зелени/Слободна европска алијанса (ЕФА), Тери Рајнке и Филип Ламбер и  Левица, Манон Обри и Мартин Ширдеван.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕПзаседаниемиграцијановинари
Next Post

Во првите шест месеци од годинава просечната цена на струјата за домаќинствата 6,737 денари за киловат час

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk