ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рубин: Србија е влезна точка на руската пропаганда на Западен Балкан

October 6, 2023 12:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Кинеските и руските медиуми меѓусебе цитираат дезинформации и создаваат „ехо комори за поплава на пазарот“ на вести, а Србија е влезна точка на руската пропаганда на Западен Балкан, посочи Џејмс Рубин, специјален претставник на Стејт департментот и координатор на Центарот за глобален ангажман.

Центарот се бори со странските пропагадни и дезинформации како кинеската и руската и минатата недела објави обемен извештај со предупредување дека Кина „има потенцијал да ја реоформи глобалната информациска околина“ и во кој се истакнува загриженоста на САД за тоа дека „Пекинг не е само главен воен соперник туку и клучен ривал во борбата за идеите и дезинформацијата глобално“.

Во брифинг за европските новинари по овој повод, Рубин синоќа од Брисел истакна дека Србија е единствената земја во регионот на Балканот што ги нема затворено телeвизијата RT (поранешна Russia Тoday) и Спутник, главните носители на руската пропаганда, и посочи дека Белград „е влезна точка на Русија на Западен Балкан“.

-Шокиран сум од тоа колку во Србија се повторува руската пропаганда. Оваа земја е единствената што ги нема затворено RT и Спутник, изјави тој и додаде дека „тие и понатаму го прават тоа и мислат дека ќе влезат во Европската Унија“.

Во овие руски државни медиуми Кремљ инвестира ститици милиони долари годишно.

-По почетокот на инвазијата на Украина секоја земја од ЕУ ги затвори RT и Спутник, кои се сметаат за основно оружје на руската воена операција и се служат со лажење за причините за нивната инвазија, со фалсификување на извештаи и со негирање на очигледни вистини, изјави Рубин.

То истакна дека во некои азиски и африкански земји кинеската државна информативна агенција го дава својот сервис бесплатно на локалните медиуми за да влијае врз нивната уредувачка политика или купува статии по локалните весници.

-Ваква манипулација не набљудуваме (на Западен Балкан). Но се сомневаме дека ќе дојде и до тоа. Има случаи како во Северна Македонија каде (комапнии градеа) патна мрежа и изградбата е неквалитетна, па затоа тие сега градат по западни стандарди, изјави Рубин.

Тој уште еднаш истакна за соработката што САД ја имаат со Молдавија, Северна Македонија и Бугарија во борбата со руската пропаганда и одбраната од неа. Со овие земји потпишани се меморандумите за разбирање за техничка помош во оваа сфера.

-Ние само што започнавме да градиме капацитети… Ова не е нешто развојно со инвестиции од милијарди долари. Ова е само техничка помош. На ист начин како што им помагавме на демократиите во развој во 1990-те да научат како да организираат избори, сега им помагаме на земјите да научат како да го испитуваат информациското поле, да анализираат и да можат да идентификуваат во што се вмешани и во што е интервенирано од срана на Русија и Кина преку тајни практики.

Од САД истакнаа адека мора да има транспарентност во сопствеништвото на медиумите и да се знае изворот на вестите.

За тоа дека САД во Украина наводно произведувале биолошко оружје, тој истакна дека нема никаков извор за таа информација, но Русија ја повторува повеќекратно, истовремено преземена од кинеските медиуми, кои потоа се цитирани од руските, со што се создава „ехо комора, и без наведување на извори или појаснување, информацискио простор е доминиран“.

Рубин истакна дека во време на слободен и глобален тек на инфроамацијата на Интернет и социјалните мрежи користени и од авторитарните земји како Кина, Иран или Русија на

фундаментално ниво не постои слобода на изразувањето и на печатот, како што стои во Унверзалната декларација за човекови права на ОН.

-Во врска со ова постои асиметрија со овие авторитарни режими. Тие го блокираат пристапот до нивното информациско поле а асиметријата е во тоа што тие се слободни да дејствуваат, да манипулираат и да користат секекви други начини во светското информативно поле. И затоа не треба да се повлекува еднаквост во однос на тоа што прават САД а што овие авторитарни режими. Не постои лажна еднаквост бидејќи има фундаментална асиметрија, заклучи Рубин.

И доаде: Русија сака да ве увери дека вината за инвазијата на Русија на Украина е во Америка и дека некако тоа е дизајнирано од Америка или дека се политики на проширувањето на НАТО.

-Факт е дека едно утро, без некоја причина се случи неиспровоцирана инвазија. Кина ги повторува аргументте на Русија, создава ехо комора сугерирајќи на американската одговорност, дека некако ние сакаме да заработиме пари од ова, или виновен е американскиот воено-индустриски сектор. Ова се теории на заговор што не се засновани на факти, и Русија и Кина целосно се совпаѓаат околу тоа, рече тој.

Tags: Западен БалканРубинРуската пропагандаСрбија
Next Post

Шкријељ: Го решивме долгогодишниот проблем на лицата без документи, секој е важен

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk