ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ризаов: Не се работи за бугарски диктат, туку за предавство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на државните интереси

October 18, 2023 16:42
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот и политички аналитичат Ерол Ризаов во изјава за „Фронтлајн“ вели дека би било добро ВМРО-ДПМНЕ да бараат начини како да се извлечат за политичките стратешки грешки што ги прават. Во врска со уставните измени и опструкцијата од Мицкоски и неговите пратеници, тој смета дека „не се работи за бугарски диктат, туку за предавство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на државните интереси“. Ризаов нагласува дека „лажни се нивните пароли дека и тие се за Европа и членство во ЕУ“.

„Би било добро ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да бараат начин да се извлечат од третата стратегиска грешка во врска со евроатланските интеграции. Првата беше антикоманијата кога целиот демократски свет кој беше на страната на Македонија го сврте против, а во земјата потрошија милијарди градејќи фалшиви антички зданија во 21 век. Го бараа изводот од матичната книга на родени на Александар Македонски“ – вели во изјава за „Фронтлајн“ Ризаов, коментирајќи ја подготвеноста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за двојни избори претседателски и парламентарни на 8 мај наредната година.

„Втората кардинална грешка беше спротивставување на членството во НАТО со бојкот на референдумот што сега во ек на светските војни се покажува како извонреден историски чин. Тогашните уставни измени ги изгласаа и осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед во кои околности се случи ова гласање тоа е единственото учество на ВМРО ДПМНЕ во процесот на членството во НАТО. Сè друго беше опструкција. И што направија пратениците кои овозможија членство во НАТО, ги прогласија за предавници. И сега последната катастрофа од погрешна политика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат Македонија да не ги продолжи преговорите со ЕУ што е веќе предавство на националните и државни интереси и уривање на стабилноста на Македонија од внатре. ВМРО ДПМНЕ ја носи државата во неизвесност ако не се изгласаат уставните измени“, вели Ризаов.

Досега, додава тој, ниту една земја кандидат за членство во ЕУ не се блокирала сама и не го попречила тешкиот пат на реформи за редовно членство во ЕУ.

„Напротив сегде е постигнат партиски и граѓански, национален консензус да се припадне на западноевропското семејство. Затоа мислам дека треба да им се овозможи на политичките шарлатани да се извлечат од оваа будалаштина што ја прават, но не на начин како што предлагаат кршејќи ги законските одредби. Предвремени парламентарни избори ДА, но по изгласување на уставните измени. Додека пак претседателските по слово на законот. ВМРО-ДПМНЕ сега зборува тоа го прави за да се избегне наводно уставна криза ако нема доволна излезност или има бојкот. Тоа го зборуваат откако ја буткаат со години Македонија во безизлезна ситуација доведувајќи го во прашање опстанокот на државата и нејзините најголеми приоритети да биде не само географски туку и демократски, културен и економски дел на Европа кај што припаѓа, нагласува Ризаов.

Според него, лажни се нивните пароли дека и тие се за Европа и членство во ЕУ.

– Ако се за тоа не треба да бидат пречка за изгласување на уставните промени. Не се работи за бугарски диктат, туку за предавство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на државните интереси. Вината на власта ќе биде голема ако тоа не го спречи. Ги има во раце сите механизми кога се во прашање попречувањето на државните интереси, подвлекува Ризаов во изјавата за Фронтлајн.

Д. Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕЕрол РизаовЕУМицкоскиуставни измени
Next Post
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: На опозициските пратеници е одлуката дали Северна Македонија ќе ја пропушти оваа сериозна шансa за европската иднина

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk