ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери на Самитот на Меѓународната Кримска платформа ги осуди нелегалните избори на привремено окупираните територии на Украина

October 24, 2023 15:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Како земја-кандидат за членство во Европската унија, Република Северна Македонија верува дека институциите на Европската унија ќе ја одржат перспективата на проширувањето на Унијата со сите останати земји-кандидати како кредибилен и визибилен процес базиран на заслуги, имајќи ги во предвид и актуелните геополитички безбедносни предизвици. Ова го изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето обраќање на вториот парламентарен Самит на Меѓународната Кримска платформа во Прага.

Во својот говор, Џафери се осврна на важноста од зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, го осуди одржувањето на нелегалните избори од страна на Руската Федерација на привремено окупираните територии на Украина, и ја нагласи потребата од доследно расветлување на грубите злоупотреби на човековите права, кршењето на меѓународното хуманитарно право и негирањето на граѓанските и политичките права од страна на Руската Федерација во Украина.

-Покрај недвосмислената осуда на неоправданата воена агресија против Украина, неопходно е ние, претседателите на демократски избраните парламенти, да го истакнеме и мулти-димензионалното влијание на оваа војна и хуманитарните последици од неа. Зборувам за милионите внатрешно раселени луѓе и воени бегалци, селективното гонење и тортура, сексуалното насилство, ризиците од трговија со луѓе, киднапирањето на кримските Татари и етничките Украинци и присилниот трансфер на украински деца од страна на Руската Федерација, рече Џафери.

Претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) годинава на централно место ги става луѓето, а состојбата во Украина е еден од главните приоритети. Во тоа својство, вели Џафери, го осудивме одржувањето на нелегалните избори на привремено окупираните територии на Украина, вклучително и Автономната Република Крим и градот Севастопол, и воедно, нагласивме дека какви било избори во рамките на меѓународно признаените граници на Украина може да се одржат единствено во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди.

Од самиот почеток сум цврсто убеден дека стоиме на вистинската страна на историјата и дека нашата поддршка ќе биде многу значајна во ослободувањето на Крим и зачувувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

-Со оглед на текот, оваа војна може да трае подолго и жртвите кои се резултат на ваквите големи конфликти се неминовни. Сепак, демократијата секогаш има подолг здив во битката против тиранијата и на крајот таа ќе извојува победа. Последниве случувања во Израел и на Појасот Газа не обесхрабруваат уште повеќе во насока на тоа дека од ден на ден светот се дехуманизира сѐ повеќе и се плашам дека ќе дојдеме до точка од која нема да има можност за враќање назад. Токму затоа сакам да ја нагласам потребата од доследно расветлување на грубите злоупотреби на човековите права, кршењето на меѓународното хуманитарно право и негирањето на граѓанските и политичките права од страна на Руската Федерација во Украина, рече Џафери во своето обраќање на вториот парламентарен Самит на Меѓународната Кримска платформа во Прага.

Tags: парламентарен СамитУкраинаЏафери
Next Post

Нетанјаху: Борбата на Израел против Хамас може да биде долга војна

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk