ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицковски – свената булка крај шините

November 3, 2023 16:32
in ESPRESSO, PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицковски е како свената булка крај шините. Неговото деструктивно однесување во политиката, бескрајниот лелек, ирационалното инаетење и контрирање го оставаат сам, како цвеќенцето кое, кутрото, го употребив како метафора за неговата појава. Нека ми простат љубителите на флората.

Тој и неговата партија, што в раце му ја даде неговиот ментор, со кого се препукува преку медиумите и социјалните мрежи, исклучително лошо функционираат во демократскиот амбиент во земјата. Се разбира, некој ќе каже дека добро функционираат, бидејќи се видливи и влијателни преку медиумите, партиската војска од тролови и инсталациите се длабоко вгнездени во институциите и слични констатации.

Не мислам на тоа. Вмровската пропагандна машинерија е мошне присутна, па и успешна. Не станува збор за тоа.

ВМРО-ДПМНЕ не функционира како чинител во еден демократски систем. Ниту еден ресурс што го има оваа партија, не го вложува за доброто на општеството и државата. Напротив. Се грижат само за себе и сè што прават е насочено кон освојување на власта по секоја цена, па и по цена на опстанокот на самата држава.

И како опозиција, вмровците обилно се хранат од буџетот на државата, која им овозможува да имаат повеќе од доволно пари во партиската каса. Имаат обилни буџети за изборни кампањи – од државата. Нивните пратеници лапаат плати, дневници и патни трошоци од парламентот и безброј други институции, а не се мали ни донациите. За црните пари што ги имаат на располагање, а за кои постои само сомнение, да не говориме (сепак, сè уште не се докажани).

Наспроти сето тоа, оваа мрачна структура стои зад секој немил настан, инциденти и пропагандни операции со кои предизвикуваат или диригираат поделби и насилство во земјата. Го блокираат буквално секој позитивен чекор што се обидува да го направат прогресивните сили во земјата – НАТО, ЕУ, регионална соработка, безбедност и сигурност, справување со здравствени, природни и други непогоди… Ги блокираа(т) сите клучни реформи за добробитта на сите граѓанки и граѓани.

За ниту еден настан или процес во земјата или во светот немаат јасен став. Имаат само обвинувања и кукумјавчење. Деноноќно дрдорат без смисла. Здодевни се. Ама упорити.

Ако човек погледне од страна, однесувањето на Мицковски е многу комично. На моменти, малку тажно, бидејќи тој, всушност, е прилично осамен.

Еден од најсвежите примери е посетата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Нејзиното доаѓање во земјава беше уште едно значајно охрабрување за нашата земја да продолжи со европскиот пат. Уште една потврда за почитувањето на сите особености на нашата земја, македонскиот идентитет и јазик, дојде заедно со добрите вести за големата финансиска помош за развој на нашата земја.

Фон дер Лајен не се сретна со него. Што значи тоа? Во дипломатијата и политиката воопшто тоа е силна, недвосмислена и јасна порака. Не мора човек многу да се разбира во овие прашања, ниту да толкува – очигледното е сосема доволно.

Пораките беа јасни. Од нас зависи. Сите можности се отворени, Европа е подготвена за проширувањето, следниот потег е наш – да ги усвоиме уставните измени и да продолжиме со европскиот пат низ реформи со кои оваа земја ќе стане модерна европска држава.

Со други зборови, само еден чекор нѐ дели од брзата лента кон ЕУ. Во период на жестоки светски кризи и војни во Украина и Блискиот Исток, сигурноста, стабилноста и благосостојбата на ЕУ е единствената светла перспектива за сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Дури и за блокаторите како Мицковски и сличните на него. Свенати булки крај шините.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ВМРО-ДПМНЕдеструкцијаЕУмицковски
Next Post
Фото: Noam Revkin Fenton/Flash90

Нетанјаху: Нема привремено примирје во Газа без ослободување на заложниците

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk