Уредникот Мирчевски ја злоупотреби телевизијата. Во прилогот од вестите, следниот ден, кога од нога даваше изјава се заврте кон камерите и директно се обрати до гостинот кого го избрка од студио и грубо настапи. Но, избрканиот гостин немаше камера и не можеше да возврати, изјави новинарот Зоран Иванов во „Стадион“ на Канал 77.
Новинарот Иванов додаде дека кога се планирал прилогот требало да се испрати камера и кај Рамадани, за да ја видиме и неговата реакција.
Тој додаде дека не е пристојно да се избрка гостин и да се упадне во телевизијата и дека очекувал Мирчевски утредента да најде начин да се извини до јавноста.
„Очекував дека ќе најде начин со некоја блага варијанта да се извини, обрати до јавноста, да се извини до сите учесници и гости во телевизиите“, нагласи Иванов.