ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи очекува објективен извештај од ЕК

November 6, 2023 13:54
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи очекува објектвен извештај од Европската комисија, во кој ќе има признание за постигнатото, но и критика за сите слабости во државата.

-Очекувам објективен извештај. ЕК обично е објективна во своите проценки. Мислам дека ќе има и пофалби во однос на постигнувањата,  се разбира ќе има и критики во однос на одреден слабости, коишто ги има државата. Токму затоа правиме напори да ги отвориме поглавјата за да ги адресираме слабостите. Ние сите сме свесни дека државата денес не е спремна за членство во ЕУ, но далеку е спремна за отворање на поглавјата за да ги адресира токму тие слабости коишто очекувам да ги констатира ЕК во извештајот, изјави Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање на брифингот со новинари во врска со тоа каков извештај очекува од ЕК.

Комисијата в среда на 8 ноември ќе ги ги презентира годишните извештаи за напредокот на земјите кои очекуваат идно пристапување во Европска Унија. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, минатата недела за време на посетата на Скопје, во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, рече дека колку е подобар процесот на реформи, толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување.

Постои прозорец на можности што сега е отворен. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, изјави таа и додаде дека ЕУ сака Западен Балкан да се приклучи кон неа, а за тој процес потребно е да се подготват двете страни.

Османи денеска одговори и на новинарско прашање во врска со уставните измени, кои се услов за отворање на преговорите по кластери, нагласувајќи дека одговорноста ќе биде на тие што ќе го попречат европскиот пат на државата.

-Ние сме определени да работиме до последниот момент, да не оставиме ниту камен непревртен за да обезбедиме европска иднина за граѓаните. Меѓутоа секој ќе треба да се соочи со граѓаните поради своеволната одлука да ја кочи оваа иднина на државата, со сите последици што таа ги носи, рече Османи.

Тој на денешниот брифинг посветен на подготовките за одржување на Министерскиот состанок на ОБСЕ во земјава, како актуелен претседавач, што ќе се одржи на 29 и 30 ноември, одговори и на прашање за амбасадорско место во Париз, нагласувајќи дека не постои никаков проблем во однос на оваа позиција.

-Се разбира Франција ни е важен партнер. Токму затоа и бев на министерскиот состанок на Франкофонијата каде што сме членки. Знаете дека за Париз имаше одредено поместување од планираното, значи до сега требаше да има амбасадор, меѓутоа заради сплет на прилики моравме да ја смениме таа одлука. Така да, еве очекувам оваа група на амбасадори да тргне, откако дел помина во Комисија за надворешна политика, дел го повикувам уште еднаш претседателот да ги помине интервјуата со останатите кандидати за амбасадори и веднаш после тоа да пристапиме кон земјите каде што немаме амбасадори, рече Османи.

Во однос на барањата на Македонскиот дипломатски синдикат за зголемување на платите, истакна дека се согласува и смета дека македонските дипломати се најслабо платени во регионот.

-Мислам дека се сосема се во право, овие четири години сум сведок колку се ангажирани колку работат, а се најслабо платени. Ако некој заслужа зголемување на платите сметам дека тоа се нашите дипломати, рече Османи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕКИзвештајОсмани
Next Post

Како апликацијата Телеграм стана средство за пропаганда на Хамас

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk