ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Македонските медиуми во служба на претседателската кампања на Путин

November 10, 2023 16:08
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-шефот на сепаристичката ДНР, Јан Гагин, шефот на движењето во Запорижја „Заедно со Русија“ Владимир Рогов, Спутник (и руската и српската верзија), Политика.рс, се дел од најрелевантните извори кои ги користат одредени македонски медиуми, кој редовно се појавуваат на врвот на листите според објавените содржини кои се дел од наративите на руските пропаганисти.

За овие медиуми, руската целосна воена агресија врз Украина, проследена со убиства на цивили, уништување на цивилната инфраструктура, воени злосторства е само „специјална операција“, според вокабуларот на нарачателите од Кремљ, најчесто „виа Београд“.

Така, на овие медиуми преку објава на инсинуации, непотврдени и манипулативни информации се настојува да се дискредитира Украина, нејзините вооружени сили и раководсвото, со цел да се намали поддршката од западните сојузници. Според „релевантните“ експертски изјави и пренесување на објавите на руски и проруски меиуми, Украина веќе ја (из)губи војната, Западот е уморен од Украина, а особено од Зеленски, ја откажува поддршката, па дури и веќе е подготвена замената за Зеленски.

Според нив, изјавата на Зеленски дека изборите не се приоритет за време на војна (замислете само како би се одвивалe кампањата и гласањето за време на рускиот ракетен терор) се користи како потврда за нивните тврдења. Злоупотребата на западното оружје наменето за Украина кое завршува час кај нарко картели во Мексико, преку Централна Африка и последно, во рацете на Хамас е веќе одавна апсолвирана (и дебанкирана) тема на овие медиуми.

Според нивниот најнов омилен „аналитичар“ Владимир Рогов од „Заедно со Русија“, Залужни веќе е избран да го замени Зеленски на чело на Украина, додека двајцата лидери се фигурите во украинскиот крвав шах во последна партија помеѓу двете кијивски „струи“. Според ова, Украина најверојатно војува самата со себе, а победник на крајот е путинова Русија.

Се злоупотребува и несреќната смрт на помошникот на Залужни, кој загина во несреќен случај во својот дом, за кој домашнива експерти побрзаа да објават дека е ликвидиран, и сето тоа да го деоведат во корелација дека Залужни е во немилост кај Зеленски, по неговата изјава за Економист, која своеволно (по нарачка) на големо ја експлоатираат.

Дури и изјавата на Трамп дека во овој момент е несоодветно да оди во Кијив, како одговор на пораката на Заленски дека доколку дојде во Украина, за 24 минути ќе му објасни на поранешниот американски претсдател дека не може да управува со оваа војната, сензационалистички го преиначија како пораз на политиката за украинскиот претседател.

Со колкава ревност, синхонизирано и со здружени сили  ја споделија информацијата дека Русија успеал да собори 17 украински беспилотни летала над окупираниот Крим и Црното Море, прикажувајќи ја како огромен успех на „славната, втора во свет“ руска армија. Во недостиг на поволни вести од фронтот, според насоките на пропагандистите на Кремљ го прикажуваат небаре самиот Путин на бел коњ дојавал во Кијив.

Сe чини дека овој дел на лојални македонски медиуми веќе се ставија на располагање на путиновата пропагандна машинерија во кампањата за наредните претседателски избори во Русија.

Тие ги следат насоките на политичките стратези на Путин кои работат на неговата предизборна порака повеќе од две години, според кои кампањата на Владимир Путин за неговиот петти мандат нема да посвети преголемо внимание на самата војна во Украина, освен доколку има „многу сериозен руски успех“ на фронтот наместо продолжување на „позиционата војна“. Наместо тоа, ќе се интензивираат извештаите во руските пропагандни медиуми и нивните приврзоци со кои ќе се обидат да го промовираат главниот наратив на руската пропаганда за „тешкотиите“ со кои се соочуваат западните земји, пред се САД, кои веќе „губат трпение“ и нема да бидат во можност да ја поддржуваат Украина.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владимир ПутинВолодимир Зеленскимакедонски медиумируска агресија врз Украинаруска пропаганда

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk