Активистот и поранешен советник во Град Скопје, Васко Лазаревски, во објава на Фејсбук издвојува „10+ точки за она што е заглавено во „Модерно Скопје“ на Данела Арсовска“.
- Пречистителната станица никој не знае до каде е.
- Мостот Михајло Апостолски не се отвора за сообраќај.
- Мостот Беласица е со по една лента во правец, никој не знае дали е безбеден, или не е.
- Клучката Момин поток нема абер од завршување.
- Мостот Обединети нации е во очајна состојба, може да падне сам од себе.
- Подземниот булевар под Лимак нема пристапи и како да не постои.
- Патот за Драчево оставен така недоправен.
- Универзална сала сè уште не е предадена на Министерство за култура па пропаѓа и она што беше почнато да се работи.
- Европска престолнина на култура никој веќе не спомнува.
- Последно, но не и најмалку важно – новиот ГУП требаше да биде на сила во 2022 година, еве завршува 2023, а нема никаков глас, ни абер дека нешто се работи и кога ќе биде готов.
Тоифорите од кеј ги тргнаа.
Вело патеки нема.
МКЦ на умирање.