ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ, најголемиот политички и економски партнер на Северна Македонија

December 7, 2023 10:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„ЕУ е најголемиот економски партнер на Северна Македонија. Ќе се фокусираме на усогласување на нашите трговски политики со ЕУ во рамките на Светската трговска организација и ќе продолжиме да ги имплементираме правилата на ЕУ за контрола на извозот со двојна употреба, инвестиции и инструменти за трговска одбрана во нашите национални, правни и институционални рамки“, изјави премиерот Димитар Ковачевски – на последната сесија за Кластер 6, на која заврши скринингот за поглавјето 30 за надворешни односи и поглавје 31 заедничка, надворешна и безбедносна политика.

Димитар Ковачевски

– Во изминативе 15 месеци во рамки на скринингот кој траеше речиси 100 работни денови, беа одржани 850 презентации на кои учествуваа приближно 1.000 претставници на 206 различни институции од државата, изјави Ковачевски.

Според него, покрај завршувањето на скрининг процесот за земјата од огромна важност е и Планот за раст на Западниот Балкан, кој го подготви Европската комисија на барање на земјите од регионот.

– Планот за раст е токму она што го очекувавме – елабориран, оперативен и фокусиран на неколку приоритети што го прави остварлив, а не само уште еден план со недостижни цели. Овој План, ќе даде нов, силен поттик на процесот на евроинтеграции. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, земјите од Западниот Балкан двојно ќе го зголемат обемот на економијата на регионот и во земјата преку зголемена економска соработка, истакна Ковачевски.

Тој потсети дека со Планот се планирани две милијарди евра во грантови за земјите од Западниот Балкан, кои имаат можност да се користат и најмалку четири милијарди евра во заеми за стратешки проекти кои што ќе го подобрат животот на граѓаните, работењето на компаниите и сообраќајната инфраструктура.

Бојан Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашање Бојан Маричиќ очекува на Европскиот совет идната недела Северна Македонија да добие препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција.

– Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени. Се наоѓаме на клучна точка во својата историја која ќе го трансформира македонското општество. Ова е еден историски момент заМакедонија, за Западен Балкан и за Европската Унија. Оваа шанса мораме да ја искористиме без дилема, без грижи и без страв, туку со уверување дека и тоа како ќе придонесе за просперитет на државата и граѓаните, порача Маричиќ.

Според него, одложувањето или блокирањето на процесот на преговори и членството на Македонија во ЕУ претставува опасност за нашите реформи и развој.

– Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Република Северна Македонија во Европската Унија во 2030 година заедно ќе успееме. Ајде заедно да ги надминеме пречките и да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации, истакна вицепремиерот за европски прашања.

Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн и Цивил Медиа. Фото: Ангел Ангеловски

Во меѓувреме, претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека поради несогласувањата на опозицијата, најверојатно, нема да има уставни измени. Според претседателот, тоа значи дека продолжувањето на евроинтеграциите ќе зависи од новата Влада што ќе произлезе по изборите договорени за 8 мај следната година.

– Ќе ја чекаме новата Влада, новиот парламентарен состав, кој мора многу сериозно да се занимава со ова прашање, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Фото: Алек Ризински

Европскиот амбасадор Дејвид Гир вели дека проширувањето на ЕУ е од взаемен интерес, а корист има и Северна Македонија од планот за развој на Балканот.

– ЕУ гледа на Западен Балкан со ново чувство на итност, делумно поради трагичните настани во Украина како резултат на руската агресија. Јасно се разбира дека проширувањето е наш заеднички интерес, зборуваме за просперитет, демократија, но и стабилност и безбедност. Најновиот пакет за проширување им овозможува на земјите да пристапат кон членство не само со идентификување на областите каде што е потребна итна работа, туку и со давање насоки како да се направи тоа. Даден е и план за развој и раст на Западен Балкан, што е голем стимул за подобрување на економските и социјалните услови овде во Северна Македонија, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

По завршувањето на скрининг процесот кој траеше 15 месеци, следуваат насоките, кои се обврска на Северна Македонија која потекнува од Преговарачката рамка, кои пак се услов за отворање на првиот кластер. Станува збор за насоките за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и за функционирање на демократските институции.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бојан МаричиќДејвид ГирДимитар КовачевскиЕУПоглавјаСтево Пендаровски
Next Post

Амбасадорката Дир се заблагодари на Дерала и Андоновски за учеството на Меѓународната конференција „Слобода или страв“ што се одржува во Кијив

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
ВИ

Кина претстави електромагнетен топ способен да лансира проектили со брзина од 7 маха

August 4, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

МНРиНТ: ДКП во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот Д.Ч. со цел пренесување на телото во земјава

August 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Што скандирате бе луѓе, што премолчувате?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Скандалозен е молкот на Владата за скандирањата „смрт на Шиптари“ и „гасни комори“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Говори испразнети од суштина, пропратени со премолчано извикување фашистички слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk