Од 9 часот утрово, силите на украинската воздушна одбрана уништија 14 од 19 крстосувачки ракети Kh-101 / Kh-555 во регионите Днепро и Кијив, соопштија од воздухопловните сили на Украина на Телеграма, пренесува Укринформ.
„На 8 декември 2023 година, околу 06:00 часот, непријателот ги погоди стратешките бомбардери Ту-95МС со крстосувачки ракети Kh-101 / Kh-555. Беа вклучени вкупно седум авиони од регионот на Саратов, кои истрелаа 19 крстосувачки ракети лансирани од воздух“, се вели во соопштението..
Некои од непријателските проектили биле насочени кон инфраструктурни објекти во регионот Днепро. Друга група, откако стигна до Днепро, го смени правецот кон Кијив, се наведува во соопштението.
Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, во објава на социјалните мрежи вели – „Целта на Руската Федерација е иста – уништување на цивилното население на Украина и критичната инфраструктура. Украина се бори“.
653. 19 крстосувачки ракети на рф врз Украина.
Целта на рф е иста-уништување на цивилното население на Украина и критичната инфраструктура.
Украина се бори.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/LOFDjs5ylj— Larysa Dir (@dir_larysa) December 8, 2023
Во изминатите 24 часа, руските војници извршија три ракетни напади и 57 воздушни напади, а 47 пати отворија оган со повеќекратни ракетни системи за лансирање (МЛРС) врз украинските позиции и населби, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук.
На 7 декември 2023 година, руските окупатори извршија нов воздушен напад на територијата на Украина, употребувајќи беспилотни летала Шахед-136/131. Единиците за воздушната одбрана на Украина пресретнаа 17 непријателски борбени беспилотни летала, се наведува во соопштението.
Како што прецизираат, во руските артилериски напади беа погодени над 120 населени места во регионите Чернихив, Суми, Харкив, Луганск, Доњецк, Запорижја, Днепропетровск, Херсон и Миколаев.
Подготви: Ј. Ѓ.