Во албанските медиуми преовладуваат вестите за тивкото известување од албанското специјално обвинителство дека актуелниот албански премиер Еди Рама е под истрага за случајот Мекгонигал, како и скорешниот извештај на американскиот Конгрес во кој се наведува дека во периодот од 2017 до 2020 година, Рама и неговите советници и поранешниот министер за инфраструктура, Дамијан Ѓикнури потрошиле е околу 6 илјади американски долари во хотелот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми за денешното издание на АЛ-Прес.
АЛБАНИЈА
Сури: Според СПАК, Еди Рама е под истрага
Шефот на Специјалното обвинителство, Алтин Думани, на неформална средба со новинарите на крајот на годината штотуку заврши, даде неколку одговори на неколку прашања со висока температура на чувствителност за јавното мислење.
Запрашан за случајот „Рама-Мекгонигал“ во контекст на известувањето за СПАК од шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, во својот одговор г-дин Алтин Думани ја потврди регистрацијата на постапката, навестувајќи дека се спроведуваат истраги. И процедурално, првото име во истрагите во овој извештај е Еди Рама, пренесува Сури.
Албеу -Извештај на американскиот Конгрес: Еди Рама потроши илјадници долари во хотелот на Трамп
Во периодот од 2017 до 2020 година, албанскиот премиер Еди Рама, неговите советници и поранешниот министер за инфраструктура, Дамијан Ѓикнури потрошиле околу 6 илјади американски долари во хотелот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Конкретните детали за трошењето се дел од извештајот на 156 страници насловен: „Белата куќа на продажба“, подготвен од демократските членови на Комитетот за надзор и одговорност на Претставничкиот дом. Во извештајот таквите плаќања се опишуваат како обиди да се влијае врз поранешниот американски претседател, пренесува Албеу.
Клан: Се намалува бројот на Албанци кои со сплав одат во Англија
Се намалува бројот на албанските емигранти кои со сплав одат во Велика Британија. Весникот „Телеграф“, врз основа на анализа на официјални бројки, пишува дека има намалување од 93 отсто во однос на бројките од 2022 година, пренесе Клан.
КОСОВО
Бота Сот: Српскиот политичар кој се поклони во Преказ беше претепан од БИА, вели дека учесник бил и Радоичиќ
Роднините на претседателот на Српската Републиканска партија, Никола Сандуловиќ, изјавија дека тој бил брутално претепан од српската тајна полиција во зградата на БИА.
Меѓу маскираните лица кои го претепале, Сандуловиќ рече дека го препознал Милан Радоиќиќ, поранешниот српски политичар од северот на Косово, организатор на терористичкиот напад на 24 септември во Бањска.
Сандуловиќ беше уапсен во средата од страна на Српската разузнавачка агенција (БИА). Според неговото семејство и адвокат, причината била неговата објава на Х во која им оддава почит на гробиштата на семејството Јашари во Преказ, во која вели дека тој е единствениот политичар од Србија кој им оддаде почит на недолжните албански жртви, пренесе Бота Сот.
РТВ 21: Полицијата во Бањска заплени 689 чаури и знаме на Србија
Во Звечанското село Бањска, полициската единица пронашла и запленила знаме на Србија, 34 чаури, магацин на оружјето АК-47 и 689 чаури од различен калибар.
Во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека нема уапсени, додека случајот е во истрага, пренесе РТВ 21.
КОЛУМНА
Коха: Фото-финиш на дијалогот
„Со промената на годината, либерализацијата на визите беше очекуван подарок, но ниту еден граѓанин на Косово не очекуваше уште два подароци на крајот на годината. Србија одлучи да ги признае регистарските таблички на Република Косово и прифати почеток на интеграцијата на северот во енергетскиот систем на земјата, со почетокот на наплатата на енергетската струја на север.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Фото-финиш“ на дијалогот“, објавена во Коха.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа