„Во 2016 година во месец јануари ВМРО-ДПМНЕ предложи техничка влада со мандатар Емил Димитриев без да бидат исполнети обврските од Пржинскиот договор. Министрите ги номинираше мандатарот и беа предложени.Меѓутоа со оглед на тоа дека не беа исполнети условите од Пржинскиот договор истите веднаш после тоа поднесоа оставки и продолжија преговорите. Доколу се сеќавате Собранието кое што беше распуштено се консултираше повторно и потоа во септември беа предложени министри од СДСМ и тогаш беше изгласана влада во која што учествуваа министри на СДСМ и кои што беа поддржани од сите политички партии кои што учествуваа во таа техничка влада, мислам дека 95 гласа имаше таа влада во септември 2016година. Не е исто, меѓутоа СДСМ е демократска партија, прогресивна партија која што покажа во текот на сите овие 32 години дека е фактор на стабилност, дека е фактор на разумот заедно со коалиционите партнери во државата,“ рече премиерот во оставка, Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, во врска со изборите во 2016 година кога имаше техничка влада.