„Во 2020 ДПМНЕ ветија минимална плата до 2024 година ќе стигне 18.000 денари. Со добрите системски решенија на СДСМ во 2024 година минималната плата е 22.500“ напиша дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска на социјалните мрежи.
Таа сподели споредби од ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во 2020 година, дека доколку се власт минималната плата ќе се искачи на 18 илјади денари до крајот на мандатот, а денес сепак Владата на СДСМ минималната плата ја искачи на 22.500 денари.
„За што и за кого ќе гласаш? За повисока плата или за Христијан од Белата палата?“ стои на објавата на Тренчевска.