ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

May 6, 2024 21:20
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските кандидати кои ќе се соочат во вториот круг од изборите за претседател на државата Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова вечерва ги соочија аргументите на последната трета претседателска дебата.

Во однос на очекувањата од вториот круг што ќе се одржи в среда, на 8 мај заедно со парламентарните избори, Пендаровски кажа дека е единствениот кандидат на овие избори кој претендирал да добие гласови од сите етнички заедници и ги очекува гласовите од кандидатите кои не влегоа во вториот круг, околу 330.000, бидејќи според негова проценка на идеолошките и политичките профили на овие гласачи им е поблизок концептот што тој го застапува. Силјановска, пак, очекува разликата во однос на Пендаровски да се зголеми на три спрема еден и да ги добие гласовите и од оние кои не гласале во првиот круг, но и од жените.

– За првпат имавме седум кандидати во македонската политичка историја по промените на системите и по осамостојувањето. Сме имале со шест, со пет, со три. Сега имавме за првпат двајца албански кандидати кои главно претендираа на гласовите на етничките Албанци и имавме и петмина други меѓу кои бев и јас. Јас тврдам и тогаш и сега дека сум единствениот кој претендираше да добие гласови од сите етнички заедници бидејќи тоа го направив и во 2019, а и во 2014 во мојот прв обид кога не успеав. Имав една значајна бројка на албански гласови и на гласови од другите етнички заедници кои беа диспропорционално со она што значи чист етнички кандидат, кој како сака нека го дефинира, рече Пендаровски.

За Силјановска пак на овие избори поважна од етничката определба е опозициската определба, која вели, постои не само на страната на партиите во кои доминираат македонски гласачи, туку и во рамките на албанските партии. Го повтори ставот дека цензусот од 40 проценти е антиевропски бидејќи доведува до политички пазарења и уцени.

– Антиевропска замка е овој изборен праг од 40 проценти и веќе неколку пати ме опоменуваат оние кои на патот кон евроинтеграциите ќе ги испитуваат не само законите, туку и однесувањата, дека треба да го тргнеме овој изборен праг бидејќи тој апсолутно не обединува, напротив разединува односно доведува до политички пазари, уцени кои се закануваат по граѓанскиот глас да биде супституиран. Слушаме деновиве за притисоци особено во една населба што навистина не е добро. Она што јас мислам дека оди во мој прилог е тоа што секогаш луѓето кои не се определуваат, особено во вакви средини, во вториот круг попрво гласаат за оној кој има поголема разлика во гласовите, а јас таква имам, потенцира Силјановска.

Таа потсети и на изјавата на лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски кој јавно обзнани дека ќе го даде својот глас за нејзе и очекува тоа да инспирира и други од неговата партија да гласаат за неа.

Во однос на можноста за бојкот на претседателските избори, Пендаровски кажа дека бојкот не треба да има и очекува да биде надминат цензусот од 40 проценти.

За да бидат успешни претседателските избори треба да гласаат 40 отсто плус еден или над 725 илјади од вкупно запишаните 1.814.317 гласачи. 

Tags: Гордана Силјановска ДавковаИзбори 2024Стево Пендаровски
Next Post

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

Shortcut

Најново

Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk