Мислам дека она што се случи во неделата при изговарањето на свечената заклетва, е дека политичарката/претседателката Силјановска го погази правникот Силјановска, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостување на ТВ 24.
„Приватно кој од нас какво чувство има и дали со одредени работи се сложуваме или не, е прашање кое во моментот кога стапнуваме на функција го ставаме на страна. Уште повеќе сум и разочарана, не од овој момент со изговарањето и велењето дека тоа е личен чин, меѓутоа сум разочарана од тоа што во говорот не чувме ништо за она што се државни интереси“, истакна Петровска.