Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека признавањето на палестинската држава не е подарок за палестинската милитантна група Хамас.
„Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас, напротив“, изјави Борел, наведувајќи дека палестинските власти не се Хамас и дека, напротив, тие се длабоко во конфликт.
Борел истакна дека ЕУ веќе ги финансирала палестинските власти и се сретнала со нив и посочи дека секогаш кога некоја земја ќе донесе одлука да ја поддржи палестинската држава, Израел тоа го прогласува за антисемитски напад.