ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Албанија чекор понапред од Северна Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски чека стабилна бугарска влада

September 12, 2024 12:14
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје и Тирана може да се разделат во нивниот пат кон Европската унија (ЕУ). На 19 јули 2022 година двете земји ја одржаа првата меѓувладина конференција во Брисел, додека сега Европската комисија го закажа вториот состанок за месец ноември со Албанија.

Во меѓувреме, Владата предводена од Христијан Мицкоски чека стабилна политичка влада во Бугарија, со која, како што изјави премиерот, ќе се разговара за идејата за ретроактивни (одложено дејство) уставни измени, со кои се очекува да се деблокира процесот.

– Не би коментирал ниту чекор повеќе ниту чекор помалку. Сега е периодот кога апсолутно ништо не може да се случи во тој процес, изјави Мицкоски.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека закажувањето на втората меѓувладина конференција со Албанија е дефинитивен индикатор дека и овој наш сосед повеќе ќе напредува во евроинтеграцискиот процес од нас.

– Иако комесарот Вархеји не ја исклучи можноста и Северна Македонија да има своја меѓувладина конференција, со оглед на односите со Бугарија, оваа веројатност е многу мала. Ова секако не значи дека, доколку во блиска иднина почнеме да ги отвораме кластерите, нема да ги стигнеме и Албанија, Црна Гора и Србија, со оглед на фактот дека имаме покажано добар напредок на скринзите. Но, во овој момент сè уште чекаме на формалното отворање на кластерите, нагласува Николовски.

Мојот впечаток, додава нашиот соговорник е дека моментално не постои спор со Бугарија кој би го решила евентуално постабилна влада таму.

– Од страна на нашата влада, има желба за ре-преговарање на условите за нашето зачленување во ЕУ, но во Бугарија ова прашање е затворено со францускиот предлог. Моменталните очекувања се дека повторно нема да има стабилна влада во Бугарија и после претстоечките избори. Но, и да се случи тоа, нереално е да се очекува дека постабилна влада би имала некаков поголем слух за барањата на нашата влада, и дека би „попуштиле“ за уставни измени со одложен рок, подвлече тој.

Поранешниот пратеник, Зуди Џелили потенцира дека секој политичар во Северна Македонија знае дека уставните измени се услов за добивање датум за преговори за членство во ЕУ, тоа го знае, вели тој, и премиерот Мицковски, кој најави дека чека Бугарија да добие нова влада и да разговара можен компромисно решенија.

– Меѓутоа, самиот француски предлог е на некој начин компромисно решение, не знам дали во Бугарија некој од политичките фактори имаат разбирање да преговарат пак. Знам само дека се неопходни уставни измени за ние како држава да направиме чекор кон преговори заедно со Албанија. Но, немаме друга алтернатива за подобра иднина, прво треба да ги надминеме партиските интереси во корист на државните. Соработката со соседите, со Советот на Европа треба да се базира на интересот за подобра иднина, а не на враќање во минатото, изјави Џелили за „Фронтлјан“.

На потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Дестан Јонузи

Tags: АлбанијабугаријаЕУСеверна МакедонијаХристијан Мицкоски
Next Post

(ВИДЕО) Филипче: На чело си ја напишавте корупцијата со носење на Законот за кредит по скратена постапка

Shortcut

Најново

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk