ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Портпаролката на КОРЕПЕР потврди: Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

September 26, 2024 13:06
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди за МИА унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

– Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.

Со ваквата одлука за одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на 15 октомври и старт на преговорите по Кластерот 1, Албанија практично ќе биде раздвоена од земјава на европскиот пат. Во Кластерот 1 – „Основи вредности“ се вклучени поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола.

Претходно денеска белгискиот портал Еуроактив јави дека  – Патот на Албанија кон ЕУ се одвои од Северна Македонија, Скопје останува во „лимбо“.

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, а Скопје останува во „лимбо“ позиција тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ.

ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скрининг процесот.

Но, Албанија беше блокирана за преминување кон следната фаза од преговарачкиот процес, односно старт на преговорите по поглавјата, од страна на Грција, која ја обвини Тирана за непочитување на принципите на владеење на правото.

Ваквите обвинувања уследија по приведувањето во мај 2023 на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, припадник на грчката заедница во Албанија, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите. Белери, сепак победи на изборите за градоначалник, а во меѓу време беше избран и за европратеник од Грција на изборите во јуни годинава, по што беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент.

Кога станува збор за земјава, согласно Преговарачката рамка усвоена во јули 2022 година, во следната фаза од преговарачкиот процес, односно преговорите по кластерите, таа треба да премине по усвојувањето на уставните измени со кои во Уставот заедно со другите делови од народи, би биле споменати и припадниците на бугарскиот народ.

Во заклучоците од последните Совети на ЕУ во делот за земјава се посочува дека „Европската унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом таа согласност нејзините внатрешни процедури ја спроведе својата заложба да ги заврши уставни измени наведени во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година. Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“.

Новите македонски власти ја промовираа идејата за излез од ќор-сокакот во кој се најде земјава на европскиот пат со т.н. „француски предлог плус“, кој предвидува одложено дејство на уставните измени, односно нивно усвојување пред официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ по поглавја, но тие да стапат во сила на крајот од преговарачкиот процес.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, кој минатата недела го придружуваше премиерот Христијан Мицкоски при работната посета на Брисел, за МИА изјави дека на средбите со претставниците на ЕУ се дискутирало и „за дел од овие прашања и дека дијалогот продолжува“.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во објава на Икс по средбата со Мицкоски минатиот четврток, наведе дека ја поздравува геостратешката ориентација и посветеност на земјава за членство во ЕУ и дека со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, таа има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на европското семејство. За тоа, според Мишел, клучно да се спроведат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите поврзани со ЕУ.

Поврзано: 

„Еурактив“: Патот на Албанија кон ЕУ се одвои од Северна Македонија, Скопје останува во „лимбо“

Tags: АлбанијаЕУКОРЕПЕР
Next Post

Филипче: Тежок пораз на Владата на Мицкоски - Амбасадорите на држави членки на ЕУ донеле одлука Албанија да ја одвојат од Македонија

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk